Втората светска војна во Азија официјално завршила на 2 септември 1945 година, по капитулацијата на Јапонија на бродот Мисури. Пред тоа, САД фрлиле две атомски бомби врз Јапонија, а Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Јапонија, по што јапонскиот цар Хирохито на 15 август 1945 објавил дека ја прифаќа Потсдамската декларација, што на крајот довело до церемонијата на официјално предавање на 2 септември.

По церемонијата, јапонските вооружени сили продолжиле да се предаваат долж Тихоокеанското боиште, а последното големо предавање било на 25 октомври 1945 година, откако јапонските сили во Тајван му се предале на Чанг Кај Шек. Американците по завршувањето на војната ја окупирале Јапонија сѐ до 28 април 1952 година, кога стапил на сила Договорот од Сан Франциско.

Претходни настани

Советска согласност за инвазија на Јапонија На Конференцијата во Техеран, одржана од 28 ноември до 1 декември 1943 година, Советскиот Сојуз се согласил да ја нападне Јапонија „по поразот на Германија“, а на Конференцијата во Јалта (4 февруари - 11 февруари 1945) Советскиот Сојуз допрецизирал дека ќе ја нападне Јапонија во рок од 2 или 3 месеци по капитулацијата на Германија. На 5 април 1945 година, Советскиот Сојуз го поништил Советско-јапонскиот пакт за неутралност потпишан на 13 април 1941 година, затоа што сега Советскиот Сојуз се спремал за војна со Јапонија.

Предавање на силите на Оската во Европа Најголемите јапонски сојузници во Европа почнале да се предаваат во 1945 година; последните италијански трупи се предале во „Реденцијата од Казерта“ на 29 април 1945 година, а Германците се предале на 8 мај 1945 година, со што Јапонија останала последна моќна држава од Оската која сѐ уште била во војна.

Потсдамска конференција и декларација Конференцијата во Потсдам започнала на 17 јули 1945 г., и сојузниците претежно се занимавале со настаните кои требало да се случат во Европа по предавањето на Оската, но разговарале и за војната против Јапонија. На 26 јули 1945 година била објавена Потсдамската декларација со која Јапонија се повикува на безусловно предавање, а во спротивно би се соочила со „брзо и целосно уништување“. алт=This is Clement Attlee, Prime Minister of the United Kingdom, Harry Truman, President of the United States, and Joseph Stalin, leader of the Soviet Union, sitting together at the Potsdam Conference.|мини| Од лево кон десно: Клемент Атли, Хари Труман и Јосиф Сталин на Потсдамската конференција.

Завршни фази од војната

Пред неформалното предавање на Јапонија

Атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки алт=This is the atomic cloud over Hiroshima, Japan, after "Little Boy", a nuclear weapon, is dropped on the city.|мини| Атомскиот облак над Хирошима откако „Малото момче“ е фрлено врз градот На 6 август 1945 година, врз Хирошима била фрлена јадрена бомба. Тогаш за прв пат било употребено атомско оружје во војна. 70.000 луѓе веднаш биле убиени; до крајот на годината умреле уште 30.000.

На 9 август 1945 година, втора и помоќна атомска бомба со била фрлена врз Нагасаки. Првична цел бил градот Кокура, но густи облаци го покриле градот, па авионот бил пренасочен кон секундарната цел, Нагасаки. Бомбата веднаш убила 40.000 луѓе, а до крајот на годината умреле уште 30.000.

Атомските бомбардирања биле една од можните причини зошто царот Хирохито решил да се предаде.

Советско-јапонска војна На 8 август 1945 година, Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Јапонија. Советските војски ја нападнале Манџурија од сите страни, освен од југ. На 10 август 1945 година, советските сили ја нападнале префектурата Карафуто.

Неформално предавање на Јапонците На 9 август, по атомската бомба во Нагасаки, Хирохито на состанок со неговиот кабинет рекол дека не верува дека Јапонија може да продолжи да се бори. Следниот ден, јапонското Министерство за надворешни работи им пренело на сојузниците дека ќе ја прифатат Потсдамската декларација. Вечерта на 14 август, Хирохито направил аудио снимка во која изјавува дека ја прифаќа Потсдамската декларација. Снимката била емитувана следниот ден на пладне.

Последици алт=Portrait of Chiang Kai-shek, a generalissimo for China.|мини| Генералисимус Чанг Кај Шек, март 1945 година

2 септември 1945 година Се предал јапонскиот гарнизон во Пенанг, а Британците почнуваат да го окупираат Пенанг. 4 септември 1945 година Се предале јапонските трупи на островот Вејк. 5 септември 1945 година Британците се истовариле во Сингапур . 5 септември 1945 година Советите ја завршиле окупацијата на Курилските острови. 6 септември 1945 година Се предале јапонските сили во Рабаул и во Папуа Нова Гвинеја. 8 септември 1945 година Мекартур влегува во Токио. 8 септември 1945 година Американските сили се истовариле во Инчеон за да ја окупираат Кореја јужно од 38-та паралела. 9 септември 1945 година Се предале јапонските сили во Кина. 9 септември 1945 година Се предале јапонските сили на Корејскиот Полуостров. 10 септември 1945 година Се предале јапонските сили на Борнео. 10 септември 1945 година Јапонците во Лабуан се предале. 11 септември 1945 година Јапонците во Саравак се предале. 12 септември 1945 година Јапонците во Сингапур формално се предале. 13 септември 1945 година Јапонците во Бурма формално се предале. 16 септември 1945 година Јапонците во Хонгконг формално се предале. 25 октомври 1945 година Јапонците во Тајван му се предале на Чанг Кај Шек.

Окупација на Јапонија По завршувањето на Втората светска војна, Јапонија била окупирана од сојузниците, првенствено од Соединетите држави а мал дел и од Австралија, Индија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство. За прв пат во јапонската историја оваа островска држава била окупирана од странска држава. Мировниот договор од Сан Франциско, потпишан на 8 септември 1951 година, го означил крајот на окупацијата, а откако стапил на сила на 28 април 1952 година, Јапонија повторно станала независна земја.

Поврзано

Последици од Втората светска војна Капитулација на Јапонија Потсдамска декларација

Наводи

Категорија:Втора светска војна во Азија Категорија:Тихоокеанско боиште Категорија:1945 во Јапонија Категорија:1945 во Азија