Богуславски (Boguslawsky) — кратер близу јужнополарното подрачје на Месечина. Сместен е северозападно од малку поголемиот кратер Демонакс и југозападно од концентричниот кратер Бусенго. Поради неговата местоположба, овој кратер изгледа многу издолжен, но тоа се должи на перспективата.
Телото на кратерот има насипи и затоа е релативно безлично. Рабовите е донекаде истрошен и релативно низок во однос на околната површина. Преку источниот раб се наоѓа придружниот кратер Богуславски D.
Кратерот е наречен по германскиот астроном Палм Хајнрих Лудвиг фон Богуславски. Предвиден е како место на слетување на руската сонда Луна-25.
Придружни кратери
На месечевите карти овие придружни кратери се бележат со ставање на латинична буква од страната поблиску до Богуславски.
Богуславски Ширина Должина Пречник (км) A 74,4° Ј 44,3° И 6 B 73,9° Ј 61,0° И 63 C 70,9° Ј 27,7° И 36 D 72,8° Ј 47,3° И 24 E 74,2° Ј 53,6° И 14 F 75,3° Ј 52,5° И 30 G 71,5° Ј 34,5° И 21 H 72,8° Ј 29,1° И 19 J 72,2° Ј 28,9° И 36 K 73,5° Ј 50,9° И 46 L 70,6° Ј 36,6° И 22 M 70,6° Ј 35,2° И 9 N 74,0° Ј 33,3° И 28
Наводи
Категорија:Кратери на Месечината Категорија:Четириаголник LQ30