Џош Сарџент (англиски: Joshua Thomas Sargent; роден на 20 февруари 2000, во О'Фелон) — американски фудбалер, напаѓач на Торонто и на американската репрезентацијата.

Во мај 2017 година, на 17-годишна возраст, тој станал најмладиот играч на САД кој постигнал гол на Светското првенство за играчи под 20 години.

Клупска кариера Рана кариера Сарџент играл за Скот Галагер Мисури, клуб на Академијата за развој на фудбалот на САД од Сент Луис, Мисури. По неговиот импресивен настап на Најк Интернејшнл Френдлис во 2016 година, тој поминал две недели тренинзи со Спортинг Канзас Сити во летото 2016 година и клубот од МЛС ги стекнал правата за купување на играчот, бидејќи Сент Луис е на територијата на Спортинг Канзас Сити. Во октомври истата година, Сарџент поминал еднонеделен тренинг со холандскиот клуб ПСВ Ајндховен. Во јануари 2017 година, откако бил повикан за тимот на САД до 20 години, тој тренирал со германскиот клуб Шалке 04.

Вердер Бремен На 20 септември 2017 година, Вердер Бремен објавил дека Сарџент ќе му се приклучи на клубот на 1 јануари 2018 година, а потоа ќе потпише професионален договор на неговиот 18-ти роденден, според правилата на ФИФА. Тој играл со тимот на клубот до 23 години на пријателски натпревар и го потпишал својот договор на 20 февруари 2018 година, со што можел да се приклучи на првиот тим за сезоната 2018-19.

На 7 декември 2018 година, Сарџент го направил своето деби за првиот тим на Вердер Бремен, влегувајќи како замена во 76. минута на натпреварот против Фортуна Диселдорф. Тој постигнал гол со својот прв допир на натпреварот во 78. минута, најбрзиот гол на дебитант во клупската историја.

Во февруари 2019 година, Сарџент се согласил на „долгорочно“ продолжување на договорот со клубот.

Норич Сити

Сезона 2021-22 На 9 август 2021 година, Сарџент го напуштил Вердер Бремен за да му се приклучи на клубот од Премиер лигата, Норич Сити, потпишувајќи четиригодишен договор за необјавена сума. Пет дена подоцна, тој го направил своето деби во поразот на домашен терен од 3-0 против Ливерпул, откако влегол како замена во 77 минута на местото на неговиот поранешен соиграч од Вердер Бремен, Милот Рашица. Тој ги постигнал своите први два гола за клубот на 24 август, во нагласената победа од 6–0 над Борнмут во второто коло од Купот на ЕФЛ. На 21 јануари 2022 година, Сарџент ги постигнал своите први лигашки голови во сезоната, во победата со 3-0 над Вотфорд.

Сезона 2022-23 Сарџент останал во Норич по нивното испаѓање. Сарџент го постигнал својот прв гол во сезоната во првата победа на Норич во сезоната против Хадерсфилд Таун. Три дена подоцна, тој забележа гол во победата од 2-0 против Милвол.

Торонто На 27 февруари 2026 година, Сарџент потпишал за МЛС клубот Торонто во трансфер вреден околу 15.5 милиони фунти.

Репрезентативна кариера На 7 ноември 2017 година, Сарџент го добил својот прв повик за сениорската репрезентација на САД за пријателски натпревар против Португалија. Така, тој станал единствениот американски играч кој некогаш се појавил во камп за под 17, под 20 години и сениорски камп во истата календарска година. На 28 мај 2018 година, Сарџент го одиграл својот прв натпревар за сениорскиот тим во пријателски натпревар против Боливија и го постигнал својот прв репрезентативен гол. Тој станал четвртиот најмлад играч кој постигнал гол за САД, додека Тимоти Веа, два дена помлад од Сарџент, не го постигнал својот прв гол минути подоцна.

Личен живот Џош Сарџент е во брак со Кирстен Лепинг. Тие се вериле во август 2020 година. Сарџент има една ќерка која се роди на 13 јануари 2022 година.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 5 септември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 БЛ 10 2 КГ 0 0 - - - - - 10 2 2019-2020 БЛ 28+2Play-Out. 4 КГ 4 0 - - - - - 34 4 2020-2021 БЛ 32 5 КГ 5 2 - - - - - - 37 7 jul. 2021 2Б 2 2 КГ 0 0 - - - - - - 2 2Вкупно Вердер Бремен 74 13 9 2 - - - - 83 15 2021-2022 ПЛ 26 2 ФАКуп+ЛК 2+1 0+2 - - - - - - 29 4 2022-2023 ФЛЧ 40 13 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 41 13 2023-2024 ФЛЧ 24 15 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 - - - - - - 26 15Вкупно Норич Сити 90 30 6 2 - - - - 96 32Вкупно во кариерата 164 43 15 4 - - - - 179 47

Репрезентација РепрезентацијаГодинаНастапиГолови САД201862201963202000202170202240202300202440Вкупно275

Наводи

Надворешни врски Џош Сарџент на soccerway

Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Норич Сити Категорија:Фудбалери на ФК Торонто Категорија:Фудбалери од Премиер Лига