мини|350п|Упадната рамнина дефинирана од векторот на дојдовното зрачење и нормалниот вектор на површината. Опшувајќи ги одбивањето и прекршувањето во оптиката, упадната рамнина е рамнината на која стои површинска нормала и бранодвижечки вектор на дојдовно зрачење. (Во брановата оптика, второспоменатото е k-вектор или бранов вектор на дојдовниот бран.)
Кога одбивањето се случува во огледало (или друга сјајна површина) одбиениот зрак исто така лежи на упадната рамнина; кога се јавува и прекршување, прекршениот зрак лежи на истата рамнина . Состојбата на копланарност меѓу упадниот зрак, површинската нормала и одбиениот зрак (прекршениот зрак) се нарекува прв закон за одбивање (или прв закон за прекршување).
Поларизации
Насоченоста на поларизацијата на упадната светлина во однос на упадната рамнина има важен ефект врз јачината на одбивањето. P-поларизираната светлина е упадна линеарно поларизирана светлина чија насока на поларизација лежи на упадната рамнина. S-поларизираната светлина има поларизација нормална на упадната рамнина. Буквата s доаѓа од германскиот збор senkrecht, што значи „нормален“ или „исправен“. Јачината на одбивањето од дадена површина е определена со Френеловите равенки, кои се различни за s- и p-поларизирана светлина.
Поврзано Упаден агол
Наводи
Категорија:Геометриска оптика