thumb|300px|Влечна патека на каналот Чесапик и Охајо Влечна патека — пат или патека која се протега долж брегот на една река, канал или друг копнен воден пат. Целта на оваа патека е да му овозможи на сувоземното возило, влечното животно или групата на луѓе-влекачи да влечат брод (често барка). Ова била честа форма на транспорт во времето кога не можеле да се постават ефикасни мотори на бродовите и каде едрењето било оневозможено заради брзи струи, тунели или мостови, или пак неповолни ветрови.

Многу од овие влечни патеки денес не се користат за влеча, па се преправени за употреба како повеќенаменски патеки. Сѐ уште го носат називот на влечни патеки, иако не се користат како такви.

Поврзано Рамен чамец Каналски чамец Бурлак

Категорија:Воден превоз Категорија:Патен сообраќај Категорија:Канали