Ѕвезден прав (англиски:Stardust) — американски-британски филм од 2007 година, напишан според романот на Неил Гејмен. Филмот е од Paramount Pictures и е режиран од Метју Вон.

Приказна Тристан Трон е младо но сиромашно момче кое е заљубено во Викторија бесчувствителна девојка во потрага по богато момче а не по сиромашно како што е Тристан. За време на еден вечерен излет со Викторија тие здогледуваат како паѓа една ѕвезда. Тристан се заколнува дека отшто ја сака ќе го премине и светот ако треба само да и ја донесе ѕвездата. Тој оди во потрага по ѕвездата не знаејќи во каква авантура влегува. Во тој момент не е само тој кој забележува дека има падната ѕвезда. За да дојде до ѕвездата тој мора да помине покрај еден волшебен ѕид во неговото село не знаејќи дека кога ќе го помине ѕидот влегува во магична димензија каде ѕвездата е прекрасна девојка додека во вистинскиот свет само ѕвезден прав. Но не е само Тристан во потрага по ѕвездата. Злобната вештерка Ламиа и нејзините сестри бараат вечна младост и го сакаат срцето на ѕвездата, преживеаните синови на кралот исто така и итриот продавач на волшебни алатки. Наводи

Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Американски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Американски фантастични филмови

ja:スターダスト (小説)#映画