Миристинска киселина (име по МСЧПХ: тетрадеканоинска киселина) — заситена масна киселина со молекулска формула CH3(CH2)12COOH. Нејзините соли и естри се нарекуваат миристати или тетрадеканоати. Наречена е по научното име на морското оревче (Myristica fragrans), од кое за првпат е изолирана во 1841 г. од Лајон Плејфер.

Застапеност

Путерот од морското оревче содржи 75 % тримиристин, триглицеридот на миристинската киселина. Освен морското оревче, миристинската киселина се среќава во палмојаткиното масло, кокосовото масло, млечната маст, 8–14 % од кравјото млеко и 8,6 % од мајчиното млеко, но исто така и како важна составница во многу животински масти. Се среќава и во спермацетот, кристализираното масло од китот кашалот. Присутен е и во ризомите на перуниката, вклучувајќи го перуникиниот корен.Council of Europe, August 2007 John Charles Sawer

Хемиско поведение Миристинската киселина има дејство на липидна котва во биомембраните.

Редукцијата на миристинската киселина дава миристил алдехид и миристил алкохол.

Здравствени ефекти Внесувањето на оваа киселина го покачува малогустинскиот липобелковински холестерол.

Наводи

Надворешни врски

Миристинска киселина — „Енциклопедија Британика“

Категорија:Масни киселини Категорија:Алкански киселини