Ова е статија за паравоена организација од почетокот на 20 век. За сличниот термин, видете Четници. За четничката организација на Дража Михаиловиќ, видете Југословенска војска во татковината.
Српско четничко движење (српски: Српски четнички покрет, скратено СЧП) била српска паравоена-националистичка организација. Првпат е официјално се појавува во 1886 године, за време на владеењето на кралот Милан Обреновиќ, а неколку години подоцна во 1903 година таа е легализирана под името Српски комитет на четничката акција. Основна цел на организацијата е вооружена борба против Македонското револуционерно движење (ТМОРО) и ширење на србизмот во Македонија и Косово, создавање на услови за присоединување на овие области кон српската држава, српските чети биле насочени и против Турците и Албанците.
Основање 300п|мини|Зборен четнички одред: однпред Коста Пеќанец (втори), Ѓорѓи Скопјанчето (четврти), Јован Бабунски (петти), втор ред Глигор Соколов(иќ) (трети), Јован Довезенски (четврти), трети ред Петко Илиев (втори).|левоСлабите српски позиции во Македонија, Мајскиот преврат, пропаста на династијата Обреновиќ и доаѓањето на новиот крал Петар I Караѓорѓевиќ, придонеле да се создадат услови за забрзано основање на еден српски комитет.
Идејата за создавање на српска четничка организација произлегла од страна на д-р Милорад Гоќевац, шеф на лекарската белградска комора. Во 1901 година во Белград се спријателил со војводата Стојан Донски, а од него ги дознал статутите и методите на Македонската револуционерна организација. Кај Гоѓевец се појавила идејата за основање на една организација врз такви начела. Тој почнал да сондира луѓе за основање на таквата организација, а набргу нашол свои истомисленици меѓу македонската емиграција.
Меѓу првите кои успеал да ги придобие биле Лука Ќеловиќ, Васе Јовановиќ (со потекло од Македонија), Живојин Рафаиловиќ, а набргу кон оваа група се приклонува и пензионираниот воен министер Јован Атанацковиќ. Во летото 1903 година во куќата на Атанацковиќ која се наоѓала на Крунската улица во Белград го основале Српски комитет на четничката акција.
Нивната основна цел била да се уништи четничкото движење на Македонската револуционерна организација, отстранување на турската власт од Македонија, Косово и Јужна Србија и нивно присоединување кон тогашното Кралство Србија. Тие решиле организацијата да се вика Српска револуционерна организација на чело со Централен револуционерен таен комитет по примерот на МРО и нејзиниот Централен комитет.
Структура мини|десно|310п|Голема Србија Комитети
Службеното име на Српскиот комитет за четничка акција бил Централен револуционерен таен комитет. Во рамките на Комитетот биле формирани три секции: револуционерна, пропагандна и финансиска.
Четничката организација била поделен на внатрешна и надворешна. Внатрешната организација била поврзана со Србија, а надворешната со Косово и Македонија. Во Србија биле формирани три комитети: Главен во Белград, Работен во Врање и Извршен на границите. Главниот комитет во Белград егзистирал под тоа име до 6 октомври 1905 година, а од тогаш се нарекува Централен комитет, иако во некој подоцнежни документи некаде и понатаму се сретнува под старото име.
Кон крајот на декември истата година доаѓа до обединување на Работниот и Извршниот комитет во рамките на Извршниот комитет на српската организација во Врање.
Централен комитет
Први членови на Централниот комитет биле: Јован Атанацковиќ (претседател), д-р Милорад Гоѓевец, Никола Спасиќ, Димитрије Кирковиќ, Љуба Давидовиќ, Љуба Јовановиќ, Јаша Подановиќ, Голуб Јањиќ и Милутин Степановиќ (секретар). Задачи на Централниот комитет биле да ја раководи револуционерната акција на теренот, да раководи националната пропаганда, да поставува раководители на горските штабови, војводи како и да обезбеди финансиски средства за овие активности.
СКЧА од своето основање до забраната за негова дејност, донесена од Воената управа на 4 јули 1907 година, имала тројца претседатели: генералот Јован Атанацковиќ, Љубомир Давидовиќ и генералот Никодије Стефановиќ. Поручникот Панта Радосављевиќ бил секретар во двата комитета и шеф на горскиот штаб на западното Повардарие, тој најверојатно бил врската помеѓу овие три институции.
Извршен комитет
Во Извршниот комитет влегле: капетанот Живојин Рафајловиќ, учителите Миле Цупара и Лазар Божовиќ (благајник), директор на врањската гимназија Сима Златичанин и Васе Јовановиќ. Овој комитет бил починет на Централниот и морал да ги спроведува неговите одлуки, а бил задолжен за: префрлање на четите на терен, нивно прифаќање по враќањето, префрлање на оружје, муниција и друг воен материјал, селекција на способни војводи, грижа за старите и создавање на нови канали, прифаќање на шифрираните пораки и извешати од теренот и препраќање до Централниот комитет.
Во текот на времето во Извршниот одбор се нашле: Сима Златичанин, Лазар Божовиќ и Јован Михаиловиќ, претседателот на окружниот суд Тома Ѓурѓевиќ, официрите – Љубомир Вуловиќ, Петар Пешиќ, Војин Поповиќ, Александар Благојевиќ, Божидар Терзиќ и др.
Од офицерите во акциите учествувале: Божидар Јанковиќ (претседател на Народната одбрана), Милан Васиќ (секретар на Народната одбрана), Душан Туфегџиќ (бил член на Централниот одбор), Крста Смиљаниќ, Јосиф Костиќ, Драган Павловиќ и др.
Набргу по формирањето на Централниот и Извршниот комитет во Ниш бил формиран еден поткомитет, а негови основачи биле поранешниот српски конзул Тодор Станковиќ и ветеринарот Божидар Драгичевиќ. Подоцна вакви комитети биле формирани и на други места, а нивна задача била да се повикува на вооружена акција и да се собираат финасиски и матерјални средства.
Статут Сатутот бил донесен на некоја од седниците на основачите на СКЧА, а негово целосно име гласи: Статус на Тајните србо-македонски друштва и тој се состоел од 11 члена поделени во неколку глави. мини|лево|150п|Др Милорад Гоѓевец мини|десно|150п|Лука Ѓеловац Члановите 1 и 2 се однесуваат на целта и спред нив требало со заедничка борба и сите средства да се работи на ослободување и обединување на српските земји, борба против бугарското насилство Ова се однесува на Македонската револуционерна организација, Србија не сакала да го согледа и разбере нејзиниот македонски карактер и таа го третирала македонското национално ослободително движење како бугарско движење и се повикувало на борба за заштита на српските интереси кој наводно биле загрозени од Бугарите... Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет, борба против бугарската пропаганда, ширење и будење на српското национално чувство меѓу населението во Стара Србија и Македонија.
Во втората глава се регулирани составот и устројсвото. Во членовите 3 и 4 било истакнато дека Дружението е составено од месни комитети во секое населено место во Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает.
Член на друштвата може да биде секој кој ќе работи во нивна корист и ќе положи заклетва.
Месните комитети се состоеле од претседател, помошник на претседателот, благајник и неколку советници. Месниот комитет во рамките на една коза сочинувал еден српски комитет, а сите српски комитети формирале еден вилаетски комитет. Вилаетскиот комитет го потврдувал Главниот комитет, а раководителите на Вилаетските комитети ги бирале членовите на Главниот комитет на Србо-македонското друштво.
Изборите се одвивале секоја година, а Главниот комитет се состоел од претседател, помошник на претседателот, благајник и неколку советници. Членот 5 се однесува на тајната полиција, а членот 6 на четите. Во членот 8 било истакнато дека: мини|десно|150п|Јован Атанацковиќ
Третата глава се однесува на финансиите и во членот 9 се истакнува дека тие се собират преку: A) доброволни прилози Б) членски вносови Г) приходи добиени од страна.
Казните се регулирани во четвртата глава каде било истакнато дека секој што ќе згреши кон делото ќе биде казнет без разлика дали е член иле не, а казните ги извршуваат српскиот комитет во согласност со вилаетскиот комитет. Во членот 11 било истакнато дека врз основа на овој Статус бил изработе Правилник за сите комитети.
Треба да се истакне дека Статусот и организациската поставеност, должностите, правата и голем број на други работи биле изработени и регулирани врз основа на уставо-статутарните акти на Македонската револуционерна организација. Отука се гледа дека за полесно придобивање на населението во Македонија, основоположниците на СКЧА решиле да ја копираат МРО.
види: Прв устав на Македонската револуционерна организација, Прв правилник на Македонската револуционерна организација, Устав на ТМОРО и Правилник на ТМОРО
Мото
Во почетокот СКЧА го презел мотото на македонските револуционери и Македонската револуционерна организација - Слобода или смрт или Со вера во бога за крстот чесен за Слободата златна, меѓутоа постепено еволуирале кон големосрпските сфаќања така што тие ги подоцна користеле мотото: Обединување или смрт - обединување на српските земји (вклучително и Македонија), и Со вера во бога за Кралот и Татковината - Слобода или смрт.
Одлики на српското четување Српските чети предводени од офицерите и подофицерите во борба стапувале врз основа на воените правила, додека пак војводите без воено образование се потпирале на интелигенцијата, искуството и внимателноста. мини|десно|200п|Милан Алексиќ, четник кај војводата Ѓеле Четите најчесто се движеле ноќе, а преку ден престојувале во куќите на своите јатаци, бачилата или пак во густите шуми. Четниците спиеле облечени и во полна опреам со своите пушки. Четите се движеле во колона и тоа со утврден рапоред: неколку стотини метри пред самата чета се движел еден од поискусните четници како еден вид на патрола, зад него бил војводата, а неколку чекори зад војводата биле четниците.
На чело на колоната биле најискусните додека пак во средината се наоѓале новопримените и неискусни четници. Во почетокот, војводата и сите останати добивале плата од комитетот, но подоцана се укинале платите и војводата добивал финансиски средства за обезбедување на сè што им потребно на четниците за дејствување на терен.
Теренот на дејствување им бил одреден од страна на комитетот, а во текот на престојот во тој реон тие постјано се движеле и не смееле да го напуштат без согласност на горскиот штаб.
Опрема и канали Вооружувањето на четниците се состоело од пушка, кама, бомби, а понекогаш и револвер. Оружјето и муницијата нејчесто биле набавувани од стрелечките дружини во Србија, а биле доставувани од страна на Извршниот комитет преку нелегални канали.
Најважна улога при транспортот на оружјето и опремата имале српските офицери, членовите или симапатизерите на СКЧА. Капетанот Живојин Рафајловиќ на железничката станица во Врање организирал магацин за пушки, а во монополот за тутутн биле криени пушките, за нивно чување биле задолжени Драгиша Лукиќ и Милан Граовец.
Пушките биле од различни системи, калибри и воена моќ, поради што доаѓало до проблеми со снабдувањето со муниција. Покрај застарените берданки, хенри мартини и гра (грчка пушка) имало и модерни манлихери и српските брзометки на кој им биле вадени српскиот грб и знакот на крагуевскиот завод. Од револверите имало руски наган, бровинг, булдог и др.
Бидејќи имало недостаток на муниција на секој четник му следеле по 200 куршуми и секој од нив требало внимателно да ги користи.
Облеката на четниците била во склад со носијата на жителите од Скопска Црна Гора, Жеглигово, Велешко и Порече. На главите најчесто носеле шубари, галички капи, шајкачи, а понекогаш и шапки (пр. Мицко Крстевски).
Војводите како ознака за нивниот ранг на своите капи ставале бел орел. Обувките им биле опинци, а се наметнувале со гуње или пелерина. Поречкиот војвода покрај грбот на шапката носел и црвено гуње (минтан).
Начин на коресподенција