Ретапамулин е локален антибиотик. Тоа е првиот лек од новата класа на плевромутилински антибиотици што е одобрен за човечка употреба. Се продава како маст под брендовите Altabax и Altargo.
Ретапамулинот бил одобрен од Управата за храна и лекови на САД во април 2007 година за третман на бактериски инфекции на кожата како што е импетиго. Во мај 2007 година, ретапамулин доби одобрение во ЕУ од Европската агенција за лекови за истата индикација.
Клиничките испитувања покажале ефикасност на лекот против одредени грам-позитивни бактерии, вклучително и MRSA.
Индикации Ретапамулин е индициран за локален третман на импетиго поради Staphylococcus aureus (S. aureus осетлив на метицилин) или Streptococcus pyogenes.
Фармакологија
Механизам на дејство Ретапамулин е инхибитор на синтезата на белковините. Лекот селективно ја инхибира бактериската белковинска синтеза преку интеракција на место на 50S подединица на бактерискиот рибозом преку интеракција која се разликува од другите антибиотици.
Наводи
Категорија:Азотни хетероциклични соединенија Категорија:Карбоксилатни естри Категорија:Кетони Категорија:Вторични алкохоли Категорија:Тиоетри