мини|upright=1.2|Семејна фотографија на јапонското царско семејство, најстарата континуирана кралска династија во светот од најмалку 5 век, со три поколенија (од лево): царицата Мичико, царот Акихито, нивниот син царот Нарухито и неговата сопруга царицата Масако, престолонаследникот Акишино и неговата сопурга Кико, а зад нив нивните деца (2021)|300x300px

Династија (од грчки δῠναστεία - што значи „моќ“, „доминација“ и „владеење“.Liddell, Henry George & al. A Greek–English Lexicon: "". Hosted by Tufts University's Perseus Project.) ― поим кој означува низа на владетели од исто семејство, обично во контекст на монархиски систем, иако понекогаш се јавува и во републики. Најдолго одржана династија на власт во светот е Јапонската царска династија, позната и како династија Јамато, која се смета дека владее од 660 г.п.н.е, а историски потврдена е од 781 г. од нашата ера. 

Историчарите ги периодизираат историите на многу држави и цивилизации, како што се Древен Иран (3200 - 539 п.н.е.), Стар Египет (3100 - 30 п.н.е.) и Античка и Стара Кина (2070 п.н.е. - 1912 година од н.е.), преку користење на периодот на владеење на одредена династија. Така, терминот „династија“ може да се користи за да се разграничи временскиот период кога со државата владеело одредено семејство.

Пред 18 век, повеќето династии биле патрилинеарни. Во државите каде било дозволено наследување од ќерка, најчесто се воспоставувала нова династија со преземање на презимето на нејзиниот сопруг. По 18 век, ова се променило во сите други европски монархии, каде што женските наследници на династијата ги задржувале династичките имиња.

Династичкото владење опаѓало со текот на времето, што се должи на намалувањето на бројот на држави со монархиска форма на владеење, растот на демократијата и тоа што во демократските општества сѐ помалку се избираат членови од династичките семејства за владетели.

Поврзано

Наследна монархија Список на сегашни монарси на суверени држави Список на династии

Наводи

Категорија:Списоци за историја Категорија:Династии Категорија:Монархија Категорија:Грцизми