Ремисија ( од remittere „попушти“, „испрати назад“) во медицината значи привремено или трајно олеснување на симптомите на болест од физичка или психолошка природа, како што се треска или болка, но без да се постигне оздравување. Терминот се користи и кај хронични болести како што се епилепсија,Remission of seizures and relapse in patients with epilepsy. Annegers JF, Hauser WA, Elveback LR. Epilepsia. 1979 Dec;20(6):729-37. ревматизам Vortrag von H.E. Langer или за поволен исход на лекување на рак.

Критериумите за проценка на степенот на ремисија се зависни од болеста и варијабилни. Сè уште се работи на стандардизација во многу области.

Примена на терминот

Во клиничката област, степенот на ремисија кај хроничните болести генерално се користи како параметар за успехот на лекувањето. Во онкологијата се зборува за ремисија односно намалување на туморот. Во научните студии, поимот ги претставува таканаречените крајни точки (англиски: endpoint) (објективирачки резултати од третманот, се одредуваат во зависност од студијата).

Класификација

Спонтана ремисија е термин кој се користи за опишување на заздравување кое вообичаено не се очекува и кое се одвива без медицинска интервенција. Ова може да доведе до повторување (рецидив). Целосна ремисија е статус во кој (на пимер по успешна терапија) нема клинички, радиолошки или други знаци на болеста за одреден временски период (на пример 6 месеци).

Онкологија Типични крајни точки (англиски: endpoint) во онколошките студии се:

целосна ремисија делумна ремисија (дефиниција на пример: „волуменот на туморот е намален за повеќе од 50 %“) минимална ремисија („волумен на туморот намален за околу 25-50 %“) стабилна болест („помалку од 25% промена во волуменот") прогресија („раст на туморот за најмалку 25 %") смрт на пациентот

Наводи

Категорија:Онкологија Категорија:Патологија