1520 Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Тихиот Океан, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име. 1821 Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија. 1905 Во Даблин, ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин Фејн“. 1943 Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември. 1981 Со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски. 1995 Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). 1997 Во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија. 28 ноември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 28 ноември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.