Роберт Бетл (роден на 28 август 1972 година во Џексонвил, Флорида, Соединети Држави) ― танчер, кореограф и уметнички режисер на Американскиот танцов театар „Алвин Ејли“.
Ран живот и образование По потекло од населбата Либерти Сити во Мајами, Флорида, Бетл бил израснат од вујкото на неговата мајка, Вили Хорн и неговата роднина Деси Хорн во економски лоши услови за живот. Студирал на Новосветското училиште за уметности пред да дипломира на Џулијардовата школа. каде што добил диплома за ликовни уметности во 1994 година.
Кариера По дипломирањето на Џулијардовата школа, тој се приклучил на Парсоновот танцово друштво. Тој ја основал своето сопствено танцово друштво Бетлворкс (англиски: Battleworks) во 2001 година.
Бетл бил прогласен за еден од Мајсторите на афроамериканската кореографија од страна на Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“ во 2005 година.
Во 2015 година, Бетл бил прогласен за член на т.н. „Променлива уметност“ на Фордова фондацијата.
Алвин Ејли Тој ја започнал функцијата режисер на 1 јули 2011 година и е нејзин трет режисер од основањето на друштвото во 1958 година. При добивањето на положбата, Бетл рекол: „Се надевам дека ќе бидам достоен за оваа огромна одговорност што ми е дадена и ќе ја почестам на единствениот начин на кој Алвин Ејли би го прифатил: со тоа што ќе ја чувам сега, жива и ја водам напред“. Иако Бетл никогаш не бил формално дел од друштвото „Алвин Ејли“ пред неговото назначување, што го прави првиот уметнички режисер без директна врска со друштвото или со самиот Ејли, тој придонел со голем број дела на репертоарот на друштвото и долго време бил признат како помазаниот наследник на Џудит Џејмисон. Како што рекол Џејмисон во едно интервју, „кореографијата на Бетл има способност да ја привлече публиката во неговите дела и ја потсетува на Алвин“. Тој служел неколку мандати како уметник гостив во „Ејли“.
Дела
1999- Такадими 2000- Шеталиште 2001- Лов 2004- Гозба 2004- Литургија 2004- Чудни хумори 2006- Конечни звуци 2007- Пријатен апетит! 2007- Повеќе не тивко 2007- Одвиткано 2008- Ела 2008- На/внатре 2010- Три
Наводи
Надворешни врски
Архивска снимка од Танцовото друштво Бетлворкс кое ја изведува Чудни хумори на Роберт Бетл во 2003 година на Танцовиот фестивал „Џејкобова Перница“
Категорија:Американски кореографи Категорија:Луѓе од Џексонвил Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Дипломци на Џулијардовата школа Категорија:Уметнички режисери