1642  Холандскиот морепловец Абел Тасман го открил Нов Зеланд, во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Нов Зеланд бил британска колонија од 1841 година, а британски доминион од 1907 година, кога влегол во составот на Британската заедница на народите како независна држава. 1963  Кенија се стекнала со независност и била прогласена за република во рамките на британскиот Комонвелт. 1979  НАТО дозволил инсталирање на ракети во Европа. 1997  Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн, на една аукција во „Сотби“, било продадено за 387.500 американски долари. 1997  Во Париз почнало судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирес Санчес. Тој бил обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 1970-те и 1980-те години. 12 декември