Цезиум флуорид — неорганско соединение со формула CsF и е хигроскопна бела сол. Цезиум флуорид може да се користи во органските синтези како извор на флуориден анјон. Цезиум исто така има најголема електропозитивност од сите елементи, додека пак флуор има највисока електронегативност од сите до сега познати елементи.

Синтеза и својства

Цезиум флуоридот може да се подготви со реакција на цезиум хидроксид (CsOH) со флуороводородна киселина (HF) и добиената сол потоа може да се прочисти со прекристализација. Реакцијата е прикажана подолу:

CsOH + HF → CsF + H2O

Користејќи ја истата реакција, друг начин за да се создаде цезиум флуорид е да се третира цезиум карбонат(Cs2CO3) со флуороводородна киселина и повторно, добиената сол потоа може да се прочисти со прекристализација. Реакцијата е прикажана подолу: Cs2CO3 + 2 HF → 2 CsF + H2O + CO2

CsF е повеќе растврлив од натриум флуорид или калиум флуорид во органски растворувачи. Достапен е во неговата безводна форма, и доколку се апсорбира вода, лесно се суши со загревање два саати на100 °C во вакуум. CsF достигнува парен притисок од 1 килопаскал на 825 °C, 10 kPa на 999 °C, и 100 kPa на 1249 °C.

Синџирите на CsF со дебелина од еден или два атома може да се растат во јаглеродни наноцевки.

Структура Цезиум флуорид има структура на халит, што значи дека на Cs+ и F− се пакувани во најблиска спакувана кубична низа слично како Na+ и Cl− кај натриум хлорид.

Употреба во органска синтеза Бидејки е силно дисоцира, CsF е пореактивен извор на флуоридни анјони од било која друга слична флуоридна сол. CsF е алтернатива на тетра-n-бутиламониум флуорид (TBAF) и TAS-флуорид (TASF).

Како база Како и другите флуоридни соли, CsF is умерено базна, затоа што HF is a weak acid. Ниската нуклеофилност на флуоридот значи дека може да биде корисна база во органската хемија. CsF дава повисоки приноси во Knoevenagel-овата кондензација од KF или NaF.

Формирање на Cs-F врски Цезиум флуоридот служи како извор на флуорид во органофлуорната хемија. Слично на калиум флуорид, CsF реагира со хексафлуороацетон за да формира стабилна перфлуороалкоксидна сол. Тој ги претвора арил хлоридите кој се електрон-дефицитарни во арил флуориди (Halex-ов процес), иако за ова почесто се користи калиум флуорид.

Средство за демаскирање Поради јачината на Si-F врската, флуоридот е корисен за реакции на десилилација, т.е. раскинување на Si-O врските во органската синтеза. CsF најчесто се користи за такви реакции. Растворите на цезиум флуорид во THF или DMF напаѓаат широк спектар на органосилициумски соединенија за да произведат органосилициум флуорид и карбанјон, кои потоа можат да реагираат со електрофили, на пример::

Мерки на претпазливост Како и другите растворливи флуориди, CsF е умерено токсичен.MSDS Listing for cesium fluoride . www.hazard.com . MSDS Date: April 27, 1993. Retrieved on September 7, 2007. Треба да се избегнува контакт со киселина, бидејќи тоа формира високо токсична/корозивна флуороводородна киселина. Цезиум јонот(Cs+) и цезиум хлоридот генерално не се сметаат за токсични."MSDS Listing for cesium chloride ." www.jtbaker.com. MSDS Date: January 16, 2006. Retrieved on September 7, 2007.

Наводи

Категорија:Флуориди Категорија:Соединенија на цезиумот Категорија:Метални халиди