1938 Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле. 1945 Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бретон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот. 1949 Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа. 1979 Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт. 1992 Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“. 1993 Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини. 27 декември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 27 декември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.