Клаксвик — втор најголем град на Фарските Острови по Торсхавн. Градот на наоѓа на островот Бордој, кој е еден од најсеверните острови во рамките на Фарските Острови. Градот е административен центар на општината Клаксвик.

Историја Првата населба во Клаксвик датира од времето на Викинзите, но дури во 20. век областа се споила со цел да создаде голем, модерен фарски град кој станал културен и трговски центар за Северните Острови и Фарските Острови како целина.

Клаксвик се наоѓа помеѓу два заливи што се наоѓаат еден до друг. Има важно пристаниште со рибарска индустрија и модерна рибарска флота. Првично, на местото каде што сега се наоѓа Клаксвик постоеле четири фарми. Со време, тие прераснале во четири села: Вагур, Мирјаноири, Гердар и Упсалир; кои на крајот се споиле за да го формираат градор Клаксвик во 1938 година. Она што го поттикнал развојот на градот било формирањето на централизирана продавница за сите северни острови на локацијата.

Пиварата „Föroya Bjór“ (во превод Фарско пиво) во Клаксвик е фарска фамилијарна пиварница, основана во 1888 година. Овенот е симбол на пиварницата уште од нејзиното основање. Од август 2007 година, кога пиварата „Restorffs Bryggjarí“ згаснала, Föroya Bjór е единствениот производител на пиво и безалкохолни пијалаци на Фарските Острови.

Со отворањето на тунелот Нордојатунилин во април 2006 година, кој ги спојува островите Бордој и Ејстурој, Клаксвик се поврзал со главното копно на Фарските Острови и сега се смета за едно од неговите клучни пристаништа. Во градот се одржува фестивалот Сумарфестивалурин.

Збратимени градови Клаксвик е збратимен со следните градови: - Сисимиут, Гренланд - Коупавогир, Исланд - Трондхејм, Норвешка - Норшепинг, Шведска - Тампере, Финска - Оденсе, Данска - Таиџи, Јапонија од 2018 година - Вик, Шкотска, Обединето Кралство.

Спорт Во градот функционираат неколку спортски клубови, и тоа фудбалски клуб (Клаксвик), машки и женски ракометен клуб и гимнастички клуб.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Клаксвик (на фарски и англиски) Мрежно место на пристаништето Клаксвик

Категорија:Градови на Фарските Острови