мини|Катедралата Сан Алесандро во Бергамо Катедралата Сан Алесандро претставува главното место на католичкото проповедање во градот Бергамо, а таа е воедно и мајката црква на истоимената епархија (Бергамовата епархија).
Овој храм е посветен на Свети Александар, светецот-заштитник на градот Бергамо. Сместен е во горниот дел од градот, на плоштадот Пјаца дел Дуомо, веднаш до соседниот плоштад Палацо дела Рагионе и базиликата Санта Марија Маџоре.
Катедралата, која била градена со посветеност на Сан Винченцо, го променила своето име во периодот кога црквата Сан Алесандро, инаку најстарата црква во градот посветена на светецот, била срушена. Рушењето се случило во 1561 година и тоа од страна на Венецијанците поради изградба на венецијанските ѕидови на таа локација.
Историја
Ранохристијанската структура Историјата на катедралата била доста контроверзна и предмет на многу шпекулации, особено во неколкуте последни векови, поради недостигот на археолошки наоди и пишани извори, особено во времето од пред средновековниот период. Само за време на реставраторските работи, кои започнале во 2004 година, биле пронајдени остатоци кои воделе потекло од римскиот период, со што овозможило со особена прецизност да се реконструираат градбите кои биле поредени една до друга во просторот, и урбаната поставеност каде што се наоѓа катедралата. На местото под тротоарот при реставрацијата се појавиле различни напластени слоеви. Секој од слоевите одговарал на исто толку различни епохи (периоди).
Најстариот слој, односно наод го истакнал присуството на првото палео-христијанско место кога и се вршеле богослужби. Тој период се поклопувал со периодот на 5 век, за чие постоење до тој период само се претпоставувало.
Античката катедрала Сан Винченцо Се верува дека христијанството во областа на градот Бергамо го донеле христијанските римски затвореници од ориентално потекло таканаречените Дамнати ад Метала, кои во тоа време биле осудени да работат во рудниците за железо и камен во горниот дел на областа Вал Серијана. По нивното ослободување од принудната работа, тие како организирана група се преселиле во областа на Бергамо создавајќи различни заедници. Групите од доселеници биле сиромашни заедници кои пристигнале во комплексот Сан Винченцо од Сарагоса. Верувајќи во Христа, нивен покровител бил Винченцо од Сарагоса и заштитник на нивниот дијаконат..
Првото место на богослужба, во романски стил, било посветено токму на претходно споменатиот светец. Димензиите на храмот биле доста големи, толку многу што неговиот периметар бил еднаков по големина како и на новиот објект. Тој бил изграден во центарот на тогашниот урбан простор. Поради димензиите дошло до мало искривувајќи на неговиот првично замислен изглед. При ископувањата бил пронајден дел од некогашниот градски потпорен ѕид и тоа во одлична состојба. Тој потпорен ѕид припаѓал на одредени патрициски вили и мозаици кои воделе потекло некаде од првиот век. Тоа укажувало на огромното значење што христијанската заедница го имала во тој период од времето. Освен ѕидот од под ископините се појавиле и гробници од таканаречено лонгобардиско време и дополнително одредени фрески кои му се припишувале на мајсторот на Рока од Анџера, автор и на други дела низ градските цркви во тој регион од периодот на втората половина на XIII век.
Првиот документ кој сведочел за постоењето на црквата посветена на Сан Винченцо водел потекло од месец мај 774 година. Тоа бил всушност еден тестаментот на Taido fu Teuderolfo со даден аманет за Пресвета Богородица и Богородица мајката Марија и Свети Винсент. Овој тестамент бил зачуван во библиотеката Анџело. Во 840 година во привилегија на Лотар I имало дел со кој му дал на епископот од Бергамо Аганон можност да се распрашува за богатството на црквата посветена на блажените Александар и Винсент Маркус. Со тоа сакало да се исцелат претходно претрпените запоседнувања.. Моштите на светителот никогаш не биле пронајдени во базиликата, бидејќи никогаш не биле поставени таму. Во еден документ стоело дека епископот Амброџио I (971-973) заминал во Кортона за да ги подигне моштите. Тој пристигнал со неколку дена задоцнување. Негов претходник бил епископот на Мец, извесен Деодато. Местото каде што се чувале моштите сѐ уште не било познато.. Просторот пред црквата бил наречен улицата Сан Винченцо.
Во 1561 година, црквата Сан Алесандро во Колона била уништена поради изградбата на венецијанските ѕидини. Телото на Сан Алесандро во тој период морало да биде пренесено во црквата Сан Винченцо. На тој начин биле соединети двете побожности заедно со каноните на двете различни градби. Ова било дело на епископот Даниеле Џустиниани, кој во 1687 година го свикал синодот во црквата која сѐ уште била посветена на Сан Винченцо. Но, од 1688 година тој канон бил уништен. На 4 ноември 1689 година, бил спроведен чинот на распуштање, а малку подоцна било повторното обединување на каноните на црквата Сан Винченцо со она на Сан Алесандро и ставени во едно поглавје.
Базиликата дефинитивно била посветена на Сан Алесандро во 1704 година, со чинот на пренос на моштите на светецот-заштитник, но и со пренос на мошти и на други светци со потекло од Бергамо. Сепак за Сан Винченцо не постоеле оригинални мошти. Епископот Лујџи Руцини подарил еден сандак со телото од маченикот донесен од катакомбите од Рим. На сандакот стоело името на Винченцо. Но тој чин не можел да го надомести недостатокот на оригиналните мошти. Поради тој чин од страна на граѓаните никогаш не било прифатено дека наследството потекнува од вистинскиот маченик..
Страничната капела на презвитеријата била посветена на Сан Винченцо. Овој дел бил уреден од страна на Бартоломео Мани, а олтарниот дел од страна на Карло Сереза. che era in precedenza di sant'Alessandro На тој начин сепак останале многу малку траги од првиот и вистински патрон на градот Бергамо. Музејот на катедралата ни овозможува да ги погледаме остатоците од старата примитивна црква, како и начинот и стилот како е изведувана нејзината трансформација.
Новата градба Во средината на XV век, бискупот Џовани Бароци решил да изградил нов верски објект со поголеми димензии на местото на претходниот, доверувајќи му го проектот на фирентинскиот архитект Филарет. Новата катедрала била, посветена не само на Сан Винченцо, туку и на Сан Алесандро. Градбата имала форма на латински крст план со еден кораб опкружен со три мали полукружни капели на секоја страна и со осумаголна павилјонска купола. Претходната црква била составена од три кораби. За изградба на црквата било потребно да се добие поголем простор од градските власти. Меѓутоа требало да се води сметка дека простор имало само од едната страна на плоштадот. Требало да дојде до отстранување на старите скали кои претходно постоеле и овозможувале пристап од страната на новиот плоштад па сѐ некаде до плоштадот Палацо дела Рагионе.
На 3 мај 1459 година бил поставен првиот камен, а веќе во 1467 година била завршена првата капела од левата страна, посветена на Санта Катерина и Сан Жироламо. Меѓутоа, по неколку години работите биле одеднаш прекинати поради смртта на архитектот Филарет, но и поради изборот на епископот Бароци за патријарх на Венеција. Новонастанатата состојба довела до напуштање на почетниот проект на црквата. Напуштањето на делото, но и пожарот на соседната Палацо дела Рагионе во 1513 година го натерале Маркантонио Микиел во 1516 година да ги напише следните зборови: познатиот објект посветен на Сан Винченцо ќе остане напуштен и недовршен, поради реставрацијата врз неговите урнатини кои останаа не завршени.
Вкупно околу триесет години работите на реставрацијата останале во застој, по што тие продолжиле со споро темпо. Во 1611 година архитектот Винченцо Скамоци бил назначен да ги раководи работите околу продолжувањето на изградбата. Градежните работи продолжиле на крајот на векот. Во 1689 година, објектот бил подложен на реновирање од страна на архитектот Карло Фонтана, кој успеал да ја изгради куполата. Подоцна ја продолжил изградбата врз апсидата и конечно успеал да ја завршил работата некаде во 1693 година.
Во меѓувреме, на почетокот на 17 век, епископот Џовани Емо ги собрал сите канони и на 18 август 1697 година, епископот свети Григориј Барбариго го добил од страна на папата Инокентиј XI бикот одобрението во кое стоело кој основал и обединил единствена катедрала. Во тој допис во едно поглавје стоело на кого е посветена градбата и објаснување кои биле Сан Алесандро и Сан Винченцо. На Сан Винченцо му била посветена капелата од десната страна и трансептот со жртвеник кој бил насликан од страна на Карло Сереза.
Објектот подоцна претрпел и други измени кои ги зафатиле камбанаријата, куполата, капелата на Распетието и внатрешноста. Во текот на 19 век, период кој исто така бил испишан на фасадата, била извршена инаугурацијата. Поточно, тоа се случило на 26 август 1889 година, на денот на празникот посветен на Сан Алесандро.
На 26 август 2008 година, бискупот Роберто Амадеи го ставил во употреба олтарот по извршеното реновирање започнато во 2004 година. Тоа придонело да се овозможи откривање на претходно опишаните наоди. Од 2012 година за јавноста бил отворен, Музејот на катедралата, кој овозможува да се погледне и разбере еволуцијата на катедралата од нејзиното примитивно или почетно формирање.
Опис
Надворешен опис десно|мини| Надворешен поглед одозгора со куполата и камбанаријата Надворешноста на катедралата Сан Алесандро се одликува со фасада која потекнува од деветнаесеттиот век. Изработена е од бел мермер од типот Ботичино. Фасадата има поглед кон Пјаца дел Дуомо и воедно е нормално поставена кон задниот дел на платата Палацо дела Рагионе. Фасадата на катедралата била започната во 1866 година, а завршена дури во 1889 година. На неа недостигале некои декоративни елементи предвидени со оригиналниот завршен проект, создаден помеѓу 1878 и 1879 година од страна на Анџело Боничели.
На проспектот му претходи едно скалило изработено од црвено - бовен гранит, а во долниот дел постои порта со три сводови, од кои секој е составен од кружен лак потпрен на страничните столбови. Секој од двата странични заливи на тремот е украсен со мала купола која е украсена со внатрешен живописен фрескопис и надворешно надградена со бронзена статуа. На централниот свод постојат два медалјона на кои се претставени светите Петар и Павле изработени од Лујџи Пагани, а над нив има една поголема статуа, која го прикажува Светиот Александар, која била изработена од страна на Паоло Сози. Двете статуи поставени на двете странични прегради ги претставуваат теолошките доблести според Верата и Надежта изработени според делото на Лујџи Пагани. Горниот дел од фасадата претставува фронтон, со голем правоаголен прозорец врамен меѓу два коринтски столбови. Одликата на крунисувањето на највисокиот дел е еден триаголен тимпан.
Во пролжение на преминот, ја имаме куполата која се издигнува над градбата. Таа е завршена во 1829 година, но била извршена уште една важна структурна реставрација некаде во 1853 година. На куполата постои висок тапан со четириаголни прозорци и бакарен покрив надграден со статуа изработена од страна на Карло Броџи која го прикажувала Сан Алесандро (1851). Тоа било комплетно позлатено дело изработено во 1984 година.
На југозападната страна, различните премини од конструкцијата на базиликата останале како и во минатото. На нив можат да се забележат квадратните блокови од песочник. Горниот дел претставува ѕид оставен и непроменет, во рустикален стил од XVIII век. Делот кон палатата Палацо дела Рагионе ни овозможува пристап до археолошката област која ги прикажува различните фази од историјата на базиликата од уште од ранохристијанскиот период.
Лево од апсидата се наоѓа камбанаријата, изградена во 1690 година и подигната во 1850 година. Камбанаријата се отвора на секоја од четирите страни на камбанаријата со голем тркалезен прозорец и има концерт од 6 ѕвона кои одѕвонуваат во Е-дур скалата.
Археолошка област лево|мини| Надворешноста на катедралата со Палацо дела Рагионе (лево од неа)