Пастичото е вид исполнето италијанско печиво. Во зависност од регионот, се полнат или со сирење рикота или со крем од јајца според традицијата.
Тие се приближно 1 см во обем. Пастичото највообичаено се служат како појадок, но сепак може да се јадат и во текот на целиот ден. Во Апулија, тие се традиционални пецива. Според голем број извори, пастичотите треба да се јадат додека се топли.
Состав мини| Пастичоти полнети со крем мини| Пастичиоти
Тесто Тестото за печиво со кратка кора што се користело порано за правење пастичиоти првично било направено со свинка маст. Во модерните рецепти наместо тоа се користи путер, иако тоа ја менува текстурата на кората. Се нанесуваат јајца на врвот на секое печиво пред печењето.
Полнења/Филови Полнењата на патичоти го вклучуваат традиционалниот крем со вкус на лимон или рикота, и други филови како што се крем од бадеми, чоколади, ф'стаци или ванила, овошје, или Нутела. Најредок фил е со мелено телешко месо и бадеми, омилен во сицилијанскиот град Пати. Тие се слични на мароканската пастила која исто така прави комбинација на фил од месо со прелив од шеќер. Пастичотите исполнети со крем се класичен вид во Апулија, особено во провинцијата Лече, каде пастичотото е стандарден колач. Во Сицилија најомилен вид на исполнето пастичото е филот со рикота. Во југозападна Италија, во Неапол и помеѓу Апулија и Сицилија, типичните филови се со крем и цреши, а оваа варијација на фил е наречена пастичото наполетано. Во Соединетите Држави може да се најдат и филови со крем и рикота.
Историја Андреа Аскалоне, готвач во градот Галатина, во близина на Лече, се смета за пронаоѓачот на пастичоти. Тој во 1745 година користел состојки преостанати од тортите со цел да создаде помала торта. Сепак, неодамнешни студии покажуваат дека семејството Аскалоне не било присутно во Галатина пред 1787 година.
Достапност Пастичоти се продаваат во пекари, барови, кафулиња и ресторани во јужна Апулија. Најчесто се достапни во италијанско-американските пекари во Соединетите Држави, заедно со други италијански колачи како што се каноли и сфољатела.
Наводи
Категорија:Италијанска кујна