Атина Апостолова ( во Л’нки, Преспанско, егејскиот дел на Македонија - во ) — македонска пејачка на народни песни.

Животопис Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во селото Л’нки, Преспанско. Детството го минала во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Таа со музика се занимава уште од најрана возраст, учествувала во емисијата „Микрофонот е ваш“ каде го освоила првото место, со песната „Не си го продавај Кољо чифликот“, која и била првата снимка на Атина. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Дали знаеш либе, Ако грешам, Иле Илија и многу други. Таа имала турнеји во Австралија, Канада, Америка и европските земји. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Има одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми). Има учествувано на голем број музички фестивали во Македонија, за нејзините успеси говорат бројните награди и признанија на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Цветници, Филиграни, Тумба Фест и Гоце Фест. Во 2023 година на Фестивалот „Тумба Фест“ Куманово ја добива наградата за животно дело. Зад себе има и неколку албуми од кои три снимени во Белград и два во Македонската радио телевизија.

Наводи

Надворешни врски Атина Апостолова на YouTube. Профил на Атина Апостолова , Музички регистар. Запејте мераклии, во изведба на Атина Апостолова. Верувај ми, во изведба на Атина и Ванчо Тарабунов. Стар мерак во изведба на Атина Апостолова.

Категорија:Луѓе од Л’нки Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Југословенски пејачи Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје