Јудеја (, стандарден Yəhūda, ) — планинска област во јужниот дел на денешните држави Палестина и Израел. Името потекнува од хебрејското име Јехуда (македонски: Јуда), син на библискиот пророк Јаков/Израил, кој е зачетник на израилското библиско племе Јуда (Јехуда) и со него поврзаното Јудејско Царство.
Името продолжило да се користи од Вавилонците, во персиските, хеленистичките и римските периоди како Вавилонски и Персиски Јехуд, Хасмонејското Кралство Јудеја, и потоа Иродијанска и Римска Јудеја, соодветно. За време на хасмонејската, иродијанската и римската власт, изразот се применувал на поголема област од историскиот регион Јудеја. Во 132 г. н. е., провинцијата Јудеја била споена со Галилеја во провинција наречена Сирија Палестина.
Поимот Јудеја бил возобновен од израелската влада во XX век како израелски административен округ Јудеја и Самарија чија територија обично се нарекува Западен Брег.
Географија Јудеја е планинска област, а дел од неа се смета за пустина. Највисокиот врв е на надморска височина од 1.020 м и се наоѓа на јужниот дел од планината Хеврон, 30 км југозападно од Ерусалим, а на исток од областа има падина што се спушта до 400 м под нивото на морето. Климата, се движи од медитеранската на запад до пустинската клима на исток, а во средината има степска клима. Поголеми градови во областа се Ерусалим, Витлеем, Гуш Ецион, Ерихон и Хеврон.
Во Библијата Јудеја е средиште на поголем дел од настаните што се спомнуваат во Тората, и се вели дека патријарсите Авраам, Исак и Јаков се погребани во Хеврон во Гробницата на Патријарсите.
Историја Во Библијата се наведува дека Јудејското Царство, заедно со Кралството Израил, било наследник на обединетата монархија на Израил и Јудеја, но денешната историја тие податоци ги смета за неисториски.Finkelstein, Israel, and Silberman, Neil Asher, The Bible Unearthed : Archaeology's New Vision of Ancient Israel and the Origin of Its Sacred Texts, Simon & Schuster, 2002. Thompson, Thomas L., 1999, The Bible in History: How Writers Create a Past, Jonathan Cape, London, p. 207 Како и да е, Северното Царство било освоено од Новоасирското Царство во 720 г. пр. н. е. Во текот на првата половина од VII век пр. н. е., повторно станало независно, за во 609 г. пр. н. е. повторно да биде освоено најпрво од Египќаните, а од 601 г. пр. н. е. од Нововавилонското Царство, и конечно во 586 г. пр. н. е., била освоена од Вавилон.
Вавилонското Царство било освоено од Кир Велики во 539 година пр. н. е. Јудеја останала под персиска власт до освојувањето на Александар Македонски во 332 г. пр. н. е. и останало под селевкидска власт до востанието на Макавејците кога станало независно кралство под власт на династијата Хасмонеа.
По смртта на хасмонеската кралица Салома Александра, во Јудеја започнала војна за наследување на престолот меѓу нејзините два сина, Хиркан II и Аристобул II. Хиркан ја искористил помошта на римската војска од Помпеј Велики во регионот, кој во 63 г. пр. н. е. влегол во Ерусалим и го поставил на престолот; со тоа Јудеја била претворена во држава-клиент на Римската Република.
Јудеја била формално анектирана од Рим во 6 г. н. е., кога била создадена римската провинција Јудеја. Во 66 г. н. е., еврејското население се кренало на востание против римската власт што било неуспешно. Ерусалим бил опколен во 70 година CE . Градот бил срамнет, Вториот храм бил уништен, а голем дел од населението било убиено или поробено.
По повторното воспоставување на римска надмоќ, царот Адријан се обидел целосно да го избрише еврејскиот идентитет и ја преименувал провинцијата во Сирија Палестина,H.H. Ben-Sasson, A History of the Jewish People, Harvard University Press, 1976, , page 334: "In an effort to wipe out all memory of the bond between the Jews and the land, Hadrian changed the name of the province from Iudaea to Syria-Palestina, a name that became common in non-Jewish literature." а Ерусалим - Елија Капитолина (Aelia Capitolina). Многу Јудејци (Евреи) биле испратени како гладијатори во ропство или избегале од Јудеја и го започнале првото (присилно) раселување на еврејската дијаспора.
Наводи
Надворешни врски
Јудеја и граѓанска војна Покорувањето на Јудеја Јудеја 6–66 н.е. Фотографии од Јудеја Ресурсен центар за еврејска историја — проект на Центарот Динур за истражување во еврејската историја, Хебрејски универзитет во Ерусалим
Категорија:Западен Брег Категорија:Јудеја Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Области од Новиот завет Категорија:Области од Стариот завет Категорија:Библиски региони