Ќуфу (, ) — град во покраината Шандунг, Источна Кина. Се наоѓа на околу 130 км јужно од главниот град на покраината Ѓинан. Ќуфу зафаќа површина од 815 квадратни километри и има вкупно население од 653.000 жители, од кои 188.000 живеат во урбана средина.
Ќуфу е родниот град на Конфуциј, за кој се верува дека се родил на планината Ни во непосредна близина на градот. Во градот има многу стари дворци, храмови и гробишта. Три најпознати културни места во градот, задно познати како Сан Кунг (三孔; „Трите конфучијански [места]“, се Храмот на Конфуциј (кинески: 孔庙; пинјин: Kǒngmiào), Гробот на Конфуциј (孔林; Kǒnglín) и Вилата на семејството Конг (孔府; Kǒngfǔ). Заедно, овие три локалитети се ставени на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1994 година.
Наводи
Надворешни врски
Ќуфу на Википатување Страница на УНЕСКО за Ќуфу Историска архитектура на Азија: Ќуфу
Категорија:Градови во Шандунг Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:CS1 со писмо на кинески (zh) Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Координати на Википодатоците