„Насолзениот крокодил“ — расказ на српскиот писател Милош Црњански од 1931 година.

Содржина Расказот се сстои од два дела. Едно мартовско утро, 1927 година, во Белград, госпоѓата Јованка Николајевиќ го буди љубовникот за да ја напушти куќата, но истото тоа го прави и нејзината готвачка, па двете жени ненадејно се среќаваат, исто како и нивните љубовници. По таа случка, госпоѓата Николајевиќ е многу вознемирена, плашејќи се дека готвачката ќе му каже на нејзиниот сопруг, што пак ќе предизвика страшни последици по нејзината иднина. Инаку, нејзиниот љубовник е најблискиот пријател на сопругот со кого таа е во врска неколку години при што тие водат љубов во брачната соба на госпоѓата, независно од тоа што во соседниет соби спијат нејзините деца. Јованка веќе долго време е во лоши односи со сопругот кого не може да го поднесе, а и тој не се однесува добро кон неа. По непријатната сцена, љубовникот на госпоѓата Николајевиќ, исто така, е вознемирен и потиштен, свесен за својата лоша постапка. Тој се кае за нечесниот однос кон нејдобриот пријател, го преиспитува својот дотогашен живот и помислува да ја прекине љубовната врска. За да се смири, најпрвин влегува во една кафеана, каде испива неколку ракии, а потоа оди во амамот, каде малку се потсмирува. Тогаш, тој решава пак да се врати кај својата љубовница, но таа одбива да го прими. Сè уште исплашена за иднината, таа излегува надвор и шета низ главната улица, сеќавајќи се на војната и мачното повлекување низ Албанија, кога таа го напуштила мажот и две години живеела во Ница, но повторно му се вратила откако дознала дека многу се збогатил. Најпосле, таа оди кај својата најдобра пријателка со намера да побара совет, а пред портата го здогледува љубовникот на својата готвачка.Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973, стр. 81-111. За тоа време, господинот М. Николајевиќ, член на Радикалната партија, се наоѓа во посета на селата во својата изборна единица, придружува од својот секретар. По завршената работа, тој се враќа дома и додека патува со возот му раскажува на секретарот за својот голем патриотизам, за приврзеноста кон селаните, за заморот од градскиот живот и од семејството и за желбата да го напушти современиот градски живот и да се пресели во некое село. Кога пристига дома, нему веднаш му се расипува расположението и не чувствува никаква приврзаност кон домот и семејството.Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973, стр. 111-127.

За расказот Расказот започнал да се објавува во Српскиот книжевен гласник во 1931 година, но објавувањето набргу било прекинато, без никакво објаснување. Во него, авторот ги прикажува пикантериите и брачните триаголници на белградското „високо општество“ кое тој го исмејува, служејќи се со остра иронија, сатира и цинизам.Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973,

Наводи

Категорија:Дела на Милош Црњански Категорија:Српски раскази