Монтевидео, или новата Троја () ― роман на Александар Дима од 1850 година. Станува збор за историски роман за Уругвајската граѓанска војна, каде што уругвајските претседатели Мануел Орибе и Фруктуозо Ривера го оспорувале владеењето на земјата. Името поставува напоредништво со Тројанската војна, бидејќи Орибе го држел Монтевидео, главниот град на Уругвај, под опсада долги години (позната како Големата опсада на Монтевидео).
Заплетот на книгата прави резиме на историјата на Уругвај, од шпанската колонизација до Граѓанската војна. Така, Хуан Мануел де Росас, Хуан Факундо Кирога, Хосе Хервасио Артигас, Бернардино Ривадавија и Џузепе Гарибалди се третираат како книжевни ликови.Reseña de NUEVA TROYA, LA Дима ги опишува Артигас и Росас како варвари, а Монтевидео како извор на цивилизацијата. Слична дихотомија помеѓу цивилизацијата и варварството била тема на Факундо, друга антирозистичка книга објавена од Доминго Фаустино Сармиенто во 1845 година.La Nueva Troya Дима го опишал Росас, кој го поддржувал Орибе, како кукавица кој ја избегнал Аргентинската војна за независност и ја презел контролата врз Буенос Аирес со варварска орда, а Монтевидео како јуначки град кој стои против него.
Дима никогаш не бил во Уругвај, ниту пак знаел од прва рака за војната. Неговата работа се засновала на извештаите на антирозистот Мелчор Пачеко, кој барал француска поддршка против Росас, и на тој начин ги извртувал информациите за администрацијата на Росас за да добие таква поддршка. Веројатно сличностите со книгата на Сармиенто биле воведени од книгата на Пачеко, бидејќи би било малку веројатно дека Дима го прочитал делото на првиот.Bohemio de las pampas
Книгата е уредувана двапати во Аргентина, еднаш во текот на 1960-тите и повторно во 2005 година. Превод на англиски јазик е достапен за Amazon Kindle од 2019 година.
Поврзано
Троја
Наводи
Категорија:Воени романи Категорија:Француски историски романи Категорија:Монтевидео во фикцијата Категорија:Романи со дејство во Уругвај Категорија:Романи со дејство во Аргентина Категорија:Уругвајска граѓанска војна Категорија:Дела за Аргентиската граѓанска војна Категорија:Француски романи од 1850 година Категорија:Романи на Александар Дима