Мужделска Река или Муждел (, Мусда) — река во Драмско, Егејска Македонија. Го носи името на некогашното село Муждел кое го одминува од запад.
Течение Реката извира од Родопите, северозападно под грнаичниот врв Картала (1802 м, гранична пирамида бр. 230) и тече на север под името Довачешме. Кај граничната пирамида бр. 227 свртува на запад, а по неколку километри се насочува на југ. Прима две поголеми десни притоки наречени Куручај. Потоа ја прима десната притока Карадере, левата Дебреџилска Река (Дебреџили), десната Кајнар, па кај Попово Село се влева во реката Места како нејзина притока. Овде водата впрочем дотекува во акумулацијата Черешовско Езеро изградена на Места.
Притоки → лева, ← десна ← Куручај ← Куручај → Карадере ← Дебреџилска Река ← Кајна (Еримоклисија) → Кајнар ← Корчај
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Драма (општина) Категорија:Притоки на Места