Првата крстоносна војна траела од 1096 до 1099 година и ја покренал папата Урбан II со цел ослободување на исусовиот гроб и ослободување на неговиот свет град Ерусалим од властите на неверникот, односно муслиманите. Крстоносците со овој поход го освоиле Ерусалим и уште неколку градови од околината (Едеса и Антиохија) формирајќи го Ерусалимското Кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел- ослободување на Ерусалим.

Подготовката на крстоносните војни и конкретно на Првата крстоносна војна започнала уште во раното средновековие. Распаѓањето на Каролиншкото Царство во минатите векови, заедно со големата стабилност на европските граници по христијанизацијата на Викинзите и Маѓарите дошло до создавање на цела класа од војници, чија крајна цел била тероризирање на селското население.

Како предизвик за ова насилие започнале кампањите против нехристијанското население. Во времето на подемот на Реконкистата на Пиренејскиот полуостров се регрутирале на шпанските рицари, како и војници од другите делови на Европа, во војна против маврите. Норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите.

Поради овие непрекинати војувања со муслиманите, се создала идеја за можна војна против муслиманите. Муслиманите во тој момент го контролирале центарот на христијанскиот свет, Ерусалим, место каде Исус Христос проповедал, место каде е Бил распнат на крст, место каде Воскреснал. Во 1074 папа Григориј VII го повикал milites Christi ("војниците на Христа") да се приклучат на помош на Византиското Царство на исток. Византија претрпела голем пораз против селџуците во Битката за Манцикерт три години порано. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светата Земја изрекувајќи ги зборовите “ Бог тоа го сака“

Крстоносните војни имаат големо значење за историјата на источноевропските народи. За време на крстоносните походи за првпат се судираат интересите на истокот и западот. Нетрпеливоста на западните народи спрема исламот била главна причина за започнување на крстоносните походи. Меѓутоа за кратко време религиозниот мотив избил на втор план и на преден план избиле политичките мотиви. Крстоносците веќе не размислувале за ослободување на за ослободување на Ерусалим, туку за основање на свои независни кнежевства и за освојување на Византија. Главна причина за започнување на крстоносните војни било обидот на западната црква да ја потчини источната. Како главен повод за започнување на походот било молбата на византискиот цар Алексиј I Комнин до папата Урбан II за помош против Турците Селџуци. Сето ова има своја предисторија. Муслиманите во V III век загосподариле со Азија и Африка, како и со средоземното море и некои делови на западна европа. Во 717 г. Го опсадувале Цариград но императорот Лав III успеал да ги совлада нападите и да го спаси градот. Во 732 г. Арапите доживеале пораз кај Поатје од страна на франечкиот владетел Карло Мартел. И покрај некои успеси кои Арапите ги имале на Крит и Сицилија веќе нивната сила не била како порано. Нова опасност за христијанството станале Турците Селџуци. Тие продреле во Багдадскиот калифат и ги покориле Месопотамија и Персија. Наскоро ја освоиле и Мала Азија и таму формирале свој султанат. Во 1071 г. султанот Али Арслан ги поразил Византијците кај Манцикерт во Ерменија. Во 1077 година бил освоен Ерусалим. Ова било причина папата Урбан II да го свика Клермонскиот собор каде што добил многу приврзаници. Главни приврзаници на идејата за започнување на крстоносниот поход биле феудалните барони на запад кои сакале нови поседи. За разлика од западните земји Византија не била заинтересирана за крстоносниот поход бидејќи таа и претходно имала судири со муслиманите. Во првиот крстоносен поход најголемо учество зеле француските витези предводени од Роберт Фландрински. Тој му се обратил на папата и барал да започне походот. Императорот Алексиј не скал навлегување на крстоносна војска на територија на Византија но сепак не успеал да го спречи тоа.

Крстоносците го ограбуваат Цариград

Императорот Алексиј се плаѓел од доаѓањето на крстоносците на негова територија бидејќи знаел дека тие брзо ги нарушуваат договорите„Тој се плашел од нивното однесување,бидејќи го познавал нивниот непостојан и променлив карактер и се друго кое што произлегува од природата на Келтите“ . Крстоносците предводени од Петар Аминејски стигнале пред ѕидините на Цариград. Императорот Алексиј им ветил дека ќе ги снабди со животни намирници под услов тие побрзо да стигнат до Цариград. Византиското население гледало на крстоносците со голема недоверба. Тие два дена се задржиле во Адријанопол (Одрин) и на 1 август 1096 стигнале во Цариград. Таму им се придружил Валтеровиот одред. Императорот побарал од Петар да го почека доаѓањето на витешкиот одред бидејќи војската што тој ја предводел не била во состојба да им се спротивстави на Турците. Тој исто така барал од него да не дозволи насилство од страна на неговите војници. Но крстоносците не го почитувале договорот со императорот. Започнале да ограбуваат палат и пустошат. Му се пожалиле на императорот дека ги задржува во европскиот дел и не им дозволува да заминат за Ерусалим и да се пресметат со Турците. Византиските власти им дозволиле на крстоносците да преминат во азискиот дел. Крстоносците се сместиле кај Хеленопол северозападно од Никеја. Петар повторно не успеал да ја сочува дисциплината на неговите војници кои повторно започнале со ограбувањето.

Првиот судир со Турците

Првиот судир меѓу крстоносците и Турците се случил во Никеја. Една група од крстоносци успеала да победи турски одред. Овој судир со Турците оваа група го извела на своја рака без знаење на Петар. Поради ова тој го напуштил логорот на крстоносците и се вратил во Цариград. Турците кои биле предводени од султанот Килиџ Арслан ја уништиле групата доброволци која се наоѓала во една тврдина, но во логорот на крстоносците се раширила лажна вест дека крстоносците ја заземале Никеја. Тие го разрушиле логорот и со бродови тргнале преку областите кои биле заземени од Турците Најголем дел од оваа група крстоносци загинале во борба со Турците а само неколку души се спасиле со бегство на Босфор од каде со Византиски бродови биле префрлени во Цариград. Овој настан се случил во октомври 1096 година. Тоа означувало почеток на крстоносната војна. Првиот неуспешен обид на крстоносците им послужил како пример на следните крстоносни војски. Настаните од 1096 г. го забрзало движењето на витезите. Крстоносната војна нашла приврзаници и меѓу претставниците на другите општествени слоеви. Но во овој поход не земале учество нуту францускиот нуту англискиот нуту германскиот крал, кои биле во лоши односи со папата. Средниот и нискиот сталеж бил привлечен да влезе во крстоносната војна.

Подготовки за нови походи

По поразот кај Никеја започнале подготовки за нови крстоносни походи. Уште во летото 1096 г. започнува организирањето на војводите и кнезовите од западните земји. За поход се спремаат лоренскиот војвода Готфирд Бујонски и неговиот внук Готвирд Брадестиот кој бил противник на папата Григориј VII во борбата за инвестура. Готвирд Бујонски не бил наклонет на црквата, но поради учество во крстоносната војна од народот биле направени легенди за негова заслуга за црквата. За да обезбеди средства за походот Готфрид го заложил својот имот кај епископите Литиха и Вердена и од нив добил по 70000 за секој негов војник. Со него во походот тргнале и неговите браќа Евстасиј и Балудин Со францускиот одред командувал братот на кралот Гиј кој бил гроф од Вермонда„тој бил сè уште млад човек,горд на своето потекло и витешката слава,славољубив и празен“ . Во овој поход учествувал нормандискиот војвода Роберт кој бил син на Вилхем освојувачот и брат на англискиот крал Вилијам Црвениот. Причините за неговото влегување во походот не биле од верски карактер туку начин да излезе од тешката положба во која се наоѓал во Нормандија. Тој го заложил своето војводство кај англискиот крал а за возврат добил неопходна сума пари која му била потребна за да влезе во походот. Во Филандрија била соберена втората француска армија која ја предводел Роберт фриз кој бил син на истоимениот гроф кој бил пријател со византискиот цар. Сите три армии тргнале преку Италија каде што папата Урбан II им дал благослов. Во јужна Франција била соберена армија која била под водство на тулскиот гроф Рајмунд. Меѓутоа сите војски не успеале да стигнат во Византија до почетокот на зимата еден дел од нив зимата ја провел во Италија. Тие меѓу себе не претставувале една целина. Секој сењор тргнавал во поход со својата дружина а имало и случаи на преминување на рицари од еден сењор кај друг. Тие оделе по разни патишта:едни по патот Рајна-Дунав,други по брегот на Јадранското Море,трети преку Италија. Од друга страна и Турците се подготвувале за поход. Султанот Килиџ Арслан уште во јули 1096 г. дознал дознал за доаѓањето на голем број крстоносно војници. „Кралот Килиџ Арслан немал ни седумнаесет години по доаѓањето на освојувачите. Тој барал од своите соработници да ги проверат утврдувањата во Никеја. Тие го следеле движењето на крстоносната војска. Во меѓувреме и византиските власти дознале за движењето на крстоносната војска. Тие не знаеле за точниот број на крстоносците и за нивните намери. „Се раширила вест за наезда на безбројни франечки одреди. Царот се исплашил бидејќи знаел каков е тој народ невоздржан во своите нагони,неверен на дадениот збор и непостојан“. Крстоносците ги критикувале византиските власти дека со својата недоверба ги кочеле дејствијата на крстоносците. Иако царот Алексиј најпрвин не сакал да ги им дозволи на сите одреди да влезат во Цариград. Тој се зближил со некои од нивните водачи. За да ги придобие водалите на крстоносците императорот се служел со ласкање потплатување и закани. Голем број од водачите на крстоносците му се заколнуваат на императорот дека ќе и ги вратат на Византија земјите што ќе ги освојат од Турците. По давањето на заклетвата императорот ги испратил во Мала Азија. Прв пристигнал Вермондскиот гроф Гиј спрема кого императорот бил многу љубезен. На запад се рашириле вести дека Гиј бил заробен. Лоренскиот војвода Готфрид испратил пратеници во цариград и барал Гиј да биде ослободен, и започнал со својата војска да ја пустоши византиската територија. Императорот Алексиј го повикал на преговори но тој се плашел да влезе во Цариград. Во пролет 1097 пристигнале и други крстоносни водичи. Императорот го опколил нивниот логор со словенски и печенешки одреди. Најголема опасност за Византија претставувал тарентскиот кнез Боемунд. „Боемунд уште порано чувствувал непријателство спрема царот и во себе прикривал зло поради поразот кај Лариса“. После неколку месечни борби Гортвилд положил заклетва во која се обврзал дека ќе ги врати освоените територии на Византија и во периодот од 8 до 10 април бил префрлен на босфор со неговиот одред. Истото го направиле и другите крстоносни водачи и тие биле исто така префрлени на босфорот.

Новите судири со Турците