Мадем (, Камено Рема) — река во Нигритско, Егејска Македонија, десна притока на Струма.
Течение Реката извира од Орсова Планина, источно под врвот Ататема (1.001 м) и под името Мадем или Нерумана тече на североисток на планината. Кај некогашното село Инели свртува на исток и го носи името грчкото име Милос или Мили. Минува низ поранешното село Јанили (Јавнили), чие име исто така го носи. Излегува од планината и проаѓа низ поранешнто село Кастри, каде на грчки е наречена Кастролакос. Малку пред да стигне до Струма се двои на два ракава — едниот свртува на североисток и се влева во Струма, а другиот кон југоисток и се влева во месноста Хандак меѓу урнатините на древниот град Амфипол.
Притоки → лева, ← десна ← Колокитна → Мезиница → Амболи
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Струма Категорија:Визалтија