Холомонда () — река во Касандриско на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија. Му припаѓа на сливот на Бешичкото Езеро.

Течение Реката извира од истоимената планина Холомонда, северно под врвот Леригово (820,6 м). Северно од гратчето Леригово прима две притоки кои исто така извираат од подножјето на Леригово и продолжува на север под името Потамија. Ја прима притоката Караникола и свртува на северозапад под името Стакуѕила. Ги прима потоците Бурунус и Кутола, се упатува на запад, ја прима големата лева притока Куцикарли и излегува од планината источно од с. Долна Равна. Овде нагло свртува на север, ја прима големата десна притока Бургас источно од с. Лезик и се влева во Бешичкото Езеро во месноста Валта североисточно од с. Пазаруда.

Притоки → лева, ← десна ← Караникола → Бурунус ← Кутола → Куцикарли ← Каламуди (Кјаталика) → Коњари ← Бургас

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Егејски слив Категорија:Аристотел (општина) Категорија:Бешик