„Мраз“ (српски: Лед) — филм на режисерката Јелена Бајиќ Јочиќ од 2012 година. Автор на сценариото е таткото на режисерката, Радош Бајиќ, а главните улоги ги играат: Момчило Оташевиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Нела Михаиловиќ, Олга Одановиќ.РТС, Лед (пристапено на 12.4.2023)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во 1970-тите. Миливој е селанец кој живее со мајка си, баба си и дедо си. Него сè уште го мачи трагичната смрт на татко му која се случила пред десет години, кога тој бил дете. Прикриената љубов на неговата мајка кон гастарбајтерот Мирослав само го зголемува неговиот немир, а тој е постојано оптоварен со прашањето: како погинал татко му? Во тие превирања, Миливој накратко ужива во убавината на животот, кога во неговиот дом пристига една девојка со слободно однесување. Животот исполнет со неизвесност и со драматика го тера Миливој да го преиспита своето минато и да се обиде да влијае врз натамошниот тек на својот живот.

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на Контраст Студио Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Шумадија Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Филмови на Јелена Бајиќ Јочиќ Категорија:Филмови со Олга Одановиќ Категорија:Филмови со Нела Михаиловиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Момчило Оташевиќ Категорија:Филмови со Радош Бајиќ