Пелагеја Јаковлевна Полубаринова-Кочина (13 мај 1899 – 3 јули 1999 година) била советска и руска применета математичарка, позната по нејзината работа на механиката на флуиди и хидродинамиката, особено, примената на фуксијанските равенки, како и во историјата на математиката. Таа била избрана за дописен член на Академијата на науките на Советскиот Сојуз во 1946 година и за редовен член (академик) во 1958 година.
Биографија Родена на 13 мај 1899 г. во Руската империја во смејство на сметководител и домаќинка, Пелагеја била трата од четирите деца. Студирала во женско средно училиште во Санкт Петербург и продолжила на Петроградскиот универзитет (по Руската револуција). Откако нејзиниот татко починал во 1918 година, таа започнала да работи во лабораторијата за геофизика под надзор на Александар Фридман. Таму го запознала Николај Кочин и тие се венчале во 1925 година и имале две ќерки. Двајцата предавале на Универзитетот во Петроград до 1934 година, кога се преселиле во Москва, каде што Николај Кочин зазел професорска позиција на Московскиот универзитет. Во Москва, Полубаринова-Кочина истражувала во Институтот Стеклов до Втората светска војна, кога таа и нивните ќерки беа евакуирани во Казан, додека Кочин останал во Москва за да работи на помагање на воените напори. Тој умрел пред да заврши војната.
По војната, таа ги уредувала неговите предавања и продолжила да предава применета математика. Подоцна била шеф на одделот за теоретска механика на Универзитетот во Новосибирск и директор на одделот за применета хидродинамика на Институтот за хидродинамика. Била една од основачите на сибирскиот огранок на Руската академија на науките (тогаш Академија на науките на Советскиот Сојуз) во Новосибирск.,
Кочина била наградена со Сталинова награда во 1946 година, била прогласена за херој на социјалистичкиот труд во 1969 година и го добила Орденот за пријателство на народите во 1979 година. Таа починала во 1999 година, неколку месеци по нејзиниот 100-ти роденден, и кратко време по објавувањето на нејзината последна научна статија.
Избрани публикации
Механика на флуиди
, translated as
Историја на математиката
, translated as
Наводи
Литература
Надворешни врски
„Пелагеја Јаковлевна Полубаринова-Кочина“, Биографии на жени математичари, колеџ Агнес Скот
Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Руски математичари Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Херои на социјалистичкиот труд Категорија:Редовни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Починати во 1999 година Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Починати во Москва