Коста Аџиевски (, ) — македонски историчар и универзитетски професор на Институтот за историја во пензија.

Животопис Аџиевски основното и средното образование ги завршил во Скопје.

Дипломирал на Групата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1968 година), а магистерски студии по византологија завршил на Филозофскиот факултет во Белград (1976 година), каде што и докторирал (1990 година). Важи за експерт од областа на доцната античка и рано/развиено средновековната историја.

На Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје бил стажант (1970-1972 година), асистент по Историја на Византија (1972-1978 година), предавач (1978-1990 година), доцент (1990-1995 година), вонреден професор (1995-2000) и редовен професор (од 2000 година). Предавал Општа историја на стариот век (1978-1984), Општа историја на средниот век (од 1984) и Историја на балканските народи - среден век (од 1996 година). Наставник е на последипломски студии при Институтот за историја, како и на последипломските студии по етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Бил раководител на Институтот за историја (2001-2005), раковотел на Советот на подипломски (1999-2001), раководител на Одделението за античка и средновековна историја при ИНИ „Гласник“ (1999-2004), член на редакцијата на Македонскиот историски речник, член на Републичкиот педагошки совет, како и на повеќе комисии за изготвување на наставни програми по предметот Историја за основно и средното образование.

Библиографија Автор е на преку 50 научни и стручни трудови цитирани во нашата земја и во странство. Соавтор е на повеќе учебници по историја и историски читанки за основното и средното образование.

Дел од овие публикации се следниве:

Деспот Алексиј Слав – самостоен феудален владетел во Македонија, Зборник на ФЗФ 29, Скопје 1977 Македонија во првите години по формирањето на Латинското Царство (1204–1207), Зборник на ФЗФ 34, УКИМ, Скопје 1982 Потчинување на Македонија од страна на Теодор I Ангел и формирање на Солунското Царство, Списание Историја бр. 18.1-2, ЗИРМ, Скопје 1982 Првите никејски освојувања во Македонија и ликвидирањето на Солунското Царство, Списание Историја бр. 19.1, ЗИРМ, Скопје 1983 Пелагонија во времето на Самуил и Гаврил Радомир, Списание Историја бр. 22.1, Скопје 1986 Стипион (Ступион) не е Штип, Зборник на ФЗФ 40, УКИМ, Скопје 1987 Пелагонија во VI и VII век, Зборник на ФЗФ 43-44, УКИМ, Скопје 1991 Првиот крстоносен поход и Пелагонија, Зборник на ФЗФ 45, УКИМ, Скопје 1992 Имотите на манастирот Трескавец надвор од Пелагонија (идентификација и лоцирање), Списание Историја бр. 33.1-2, Скопје 1997 Велешката област во VI и првите децении на VII век, Зборник на ФЗФ 52, УКИМ, Скопје 1999 Востанието на Драгота (1255 г.), Списание Историја бр. 34/35.1-4, Скопје 1999 Сакрални споменици во Велешката област од средниот век (VI-XIV в.), Списание Историја бр. 37.1-2, Скопје 2001 Манастирски имоти во велешката област во XIII и XIV век, Списание Историја бр. 39.1-2, Скопје 2003 Илинденското востание и македонските револуционери од илинденскиот период во филателијата, Списание Историја бр. 39.1-2, Скопје 2003 Прилог кон христијанската топонимија на Македонија. Населби со имињата на Бог/Теос и Богородица, Зборник на ФЗФ 61, Скопје 2008 (2022). „Институтот за историја некогаш и сега“, Историјата и предизвиците на промените: материјали од тркалезната маса по повод 75 години Институт за историја, УКИМ, Скопје 2022

Наводи

Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје