десно|мини|220x220пкс| Регионите со сува клима во западен САД во 1893 година Сува клима или аридна клима — имаат регионите со сериозен недостаток на достапна вода, до степен што се попречува или спречува растот и развојот на растителниот и животинскиот свет. Регионите со сува клима претежно немаат вегетација и се нарекуваат ксерични или пустински. Повеќето вакви клими се протегаат по екваторот; овие региони вклучуваат делови од Африка, Азија, Јужна Америка, Северна Америка и Австралија.

Промени Распределбата на сувата клима во голема мера е резултат на општата циркулација на атмосферата, која значително се менува со текот на времето преку климатските промени. На пример, зголемувањето на температурата за 1,5-2,1 отсто низ басенот на Нил во текот на следните 30-40 години би можело да ја промени климата на регионот од степска во сува клима, со што значително ќе се намали земјиштето кое може да се употребува во земјоделството. Дополнително, промените во користењето на земјиштето можат да ги зголемат барањата за вода на почвата и со тоа да ја зголемат застапеноста на сувата клима.

Поврзано

Пустинска клима Суша Влажност Парен притисок

Наводи

Користена литература Griffiths, J. F. (1985) 'Climatology', Chapter 2 in Handbook of Applied Meteorology, Edited by David D. Houghton, John Wiley and Sons, . Durrenberger, R. W. (1987) 'Arid Climates', article in The Encyclopedia of Climatology, p. 92–101, Edited by J. E. Oliver and R. W. Fairbridge, Van Nostrand Reinhold Company, New York, . Stadler, S. J (1987) 'Aridity Indexes', article in The Encyclopedia of Climatology, p. 102–107, Edited by J. E. Oliver and R. W. Fairbridge, Van Nostrand Reinhold Company, New York, . Blue Peace for the Nile Report, 2009, Strategic Foresight Group

Категорија:Наука за почвите Категорија:Клима