„Глад“ — филм на режисерите Живоин Павловиќ, Марко Бабац и Војислав Кокан Ракоњац од 1963 година. Главните улоги ги играат: Бранка Јовановиќ, Михајло Костиќ Пљака, Љиљана Шљапиќ и Милош Жутиќ. Филмот се состои од три приказни: „Љубов“ (во режија на Кокан), „Срце“ (во режија на Бабац) и „Обрач“ (во режија на Павловиќ). Тој е познат како единственото остварување во историјата на југословенската кинематографија кое било официјално забрането. Имено, веднаш по завршувањето на филмот, неговото прикажување било забрането со одлуката на судот во Сараево, а забраната била укината дури во 1990 година. Денес, тој се смета за едно од првите остварувања на таканаречениот „црн бран“ во југословенската кинематографија.Град (пристапено на 4.6.2023)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во неименуван град за кого дури на крајот се открива дека е Нов Белград, а главните теми се отуѓувањето, меланхолијата и безнадежноста на младината.

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмски омнибуси Категорија:Филмови на Сутјеска филм Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1963 година Категорија:Филмови на Живоин Павловиќ Категорија:Филмови на Марко Бабац Категорија:Филмови на Војислав Кокан Ракоњац Категорија:Филмови со Бранка Јовановиќ Категорија:Филмови со Михајло Костиќ Пљака Категорија:Филмови со Љиљана Шљапиќ Категорија:Филмови со Милош Жутиќ Категорија:Филмови со Славко Симиќ Категорија:Филмови со Предраг Милинковиќ Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Снежана Лукиќ Категорија:Филмови со Борко Павловиќ Категорија:Филмови со Зорица Шеговиќ Категорија:Филмови со Душан Јаниќијевиќ Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Белград