Публиј Корнелиј Такит или Тацит (; – ) — римски историчар и политичар, еден од најистакнатите во римската историографија.Compare:

Во неговите книги „Анали“ и „Истории“ тој го обработува владеењето на царевите Тибериј, Клавдиј, Нерон и оние од Годината на четирите цареви (69). Овие две дела ја опфаќаат историјата на Римското Царство од смртта на Октавијан Август (14) до смртта на Домицијан (96), иако има значителни лакуни (празнини) во текстовите какви што ги имаме денес.

Во делото „Дијалог за говорниците“ () се занимава со говорништвото. Во делото „Германија“ (De origine et situ Germanorum) ја обработува оваа голема погранична област во Европа и нејзините народи, а во „Агрикола“ (De vita et moribus Iulii Agricolae) ја обработува биографијата на неговиот тест, Гнеј Јулиј Агрикола (војсководецот заслужен за освојувањето на Британија). Аналите интересни како едно од првите сведоштва за прогонувањето на христијаните и Христовото распнување.

Живот Малку се знае за животот на Такит. Она што го знаеме е изведено од неговите дела, писмата од неговиот пријател и почитувач Плиниј Помладиот, како и од натпис во Милас во Карија.OGIS 487, first brought to light in Bulletin de correspondance hellénique, 1890, pp. 621–623

Роден е во 56 или 57 г. во еквитско (витешко) семејство. Не ги знаеме местото, датумот на раѓање, ниту неговото лично име (преномен). Во писмата на Сидониј Аполинариј се води како Гај, но во најважниот негов ракопис кој опстанува денес е наречен Публиј.Oliver, 1951

Семејство и ран живот Највеќето постари аристократски семејства не ги преживеале проскрипциите на крајот од републиканскиот период, а Такит нагласува дека неговиот чин им го должи на флавиевските цареви (Ист. 1.1). Твдрењето дека е потомок на ослободеник доаѓа од говор во неговите дела каде се вели дека многу сенатори и витези потекнуваат од ослободеници (Ана. 13.27), но ова е спорно.Syme, 1958, pp. 612–13; Gordon, 1936, pp. 145–46

Во неговиот напис за Такит во „Паули-Висова“, И. Борсак вели дека тој бил родник на Тразеја Пет и етрурското семејство Кекинии, за кои имал многу високо мислење. Покрај тоа, некои подоцнежни Керкинии го носеле когноменот Такит, што укажува на сродство. Се мисли дека дедо му бил Аул Кекина Пет, продолжителен конзул во 37 г., а тетка му била Арија, сопруга на Тразеја.Caecina. Strachan stemma.

Можно е татко му да бил Корнелиј Такит кој служел како прокуратор на Белгика и Германија; Плиниј Постариот спомнува дека Корнелиј имал син кој бргу остарел (ПИ 7.76), што би значело дека умрел млад.

Никаде не се спомнува дека Такит имал таква судбина, но можно е да станува збор за брат му (ако навистина бил син на Корнелиј).Syme, 1958, pp. 60, 613; Gordon, 1936, pg. 149; Martin, 1981, pg. 26

Пријателството меѓу Такит и Плиниј Помладиот наведува на заклучок дека обајцата биле од богати провинциски семејства.Syme, 1958, pg. 63

Не се знае во која провинција е роден. Претпоставките се Белгиска Галија, Нарбонска Галија или северна Италија.Michael Grant in Introduction to Tacitus, The Annals of Imperial Rome, p. xvii; Herbert W. Benario in Introduction to Tacitus, Germany, pg. 1. Неговиот брак со ќерка на нарбонскиот сенатор Гнеј Јулиј Агрикола наведува на тоа дека бил од Нарбонска Галија. Дијалогот е посветен на Луциј Фабиј Јуст наведува на Шпанија, а пријателството со Плиниј на северна Италија.Syme, 1958, pp. 614–16

Нема наоди дека пријателите на Плиниј од северна Италија го знаеле Такит, а и самиот Плиниј никаде не спомнува дека имале заедничко потекло.Syme, 1958, pp. 616–19 Во Книга 9, Писмо 23, Плиниј вели дека бил запрашан дали е од Италија или од провинциите, и кога не дал јасен одговор, го прашале дали е Такит или Плиниј. Бидејќи Плиниј бил од Италија, ова наведува дека Такит бил од провинциите, веројатно Нарбонска Галија.Syme, 1958, pg. 619; Gordon, 1936, pg. 145

Неговото потекло, говорничката вештина и сочувствителноста кон туѓите народи што се противеле на римската власт (на пр. Ана. 2.9) според некои наведуваат на тое дека бил Келт. Келтите што живееле во Галија пред римското освојување биле прочуени по нивното говорништво.Gordon, 1936, pp. 150–51; Syme, 1958, pp. 621–24

Јавен живот, брак и книжевна кариера Како млад Такит изучувал реторика во Рим во подготовка за кариера како правник и политичар; како Плиниј, можно е да учел кај КвинтилијанДијалог, гл. 2; пог.. Martin, 1981, p. 26; Syme, 1958, pp. 114–115 ( – ). Во 77 или 78 г. се оженил за Јулија Агрикола, ќерка на славниот војсководец Гнеј Јулиј Агрикола.Агрикола, 9

Не се знае многу за нивниот домашен живот, освен тоа дека Такит обожавал да оди на лов и да шета во природа.Плиниј, Писма 1.6, 9.10; Benario, 1975, pp. 15, 17; Syme, 1958, pp. 541–42 Ја започнал кариерата (веројатно латиклав, обележје на сенатор)Syme, 1958, pg. 63; Martin, 1981, pp. 26–27 за време на Веспазијан(1.1) (r. 69–79), но првата функција му била квестор во 81 или 82 г. за време на Тит.Во Истории вели дека за неговата кариера му благодари на Тит (1.1); бидејќи Тит владеел кратко, ова се единствените можни години.

Постепено напредувал во кариерата (по т.н. cursus honorum), станувајќи претор во 88 г. и квиндецимвир, член на свештеничкиот колегиум задолжен за Сибилските книги и Световните игри.Во Аналите (11.11) спомнува дека како претор помагал во Световните игри приредени од Домицијан, кои се случиле точно во 88 г. Погл. Syme, 1958, pg. 65; Martin, 1981, pg. 27; Benario in his Introduction to Tacitus, Germany, p. 1. Стекнал висок углед како правник и говорник.

Служел во провинциите ( - г.), или како командант на легија или на цивилна служба.Од Агрикола (45.5) може да се протолкува дека Такит и сопругата биле отсутни кога Јулиј Агрикола починал во 93 г. За неговото занимање во овој период, погл. Syme, 1958, p. 68; Benario, 1975, p. 13; Dudley, 1968, pp. 15–16; Martin, 1981, p. 28; Mellor, 1993, p. 8 Тој и неговиот имот го преживеале Домицијановиот терор (81–96), но ова искуство го истоштило и веројатно се засрамил од неговото соучесништво, поради што му се вродила омраза кон тиранијата, очигледна од неговите дела.Dudley, 1968, pg. 14; Mellor, 1993, pp. 8–9 Агрикола, гл. 44–45 е добар пример: Агрикола беше поштеден во тој подоцнежен период во кој Домицијан, не оставајќи ни простор ни време да дишеме, туку со една непрекината навала, ја исцеди животната сила на државата... Не пројде многу време кога нашите раце го одвлечкаа Хелвидиј во затвор, кога гледавме како Маврик и Рустик умираат, кога стапнавме во невината крв на Сенецион. Дури и Нерон го сврте погледот, не сакајќи да ги гледа ѕверствата што самиот ги нареди; со Домицијан најголемото страдање беше да гледаме и да бидеме гледани, знаејќи дека се водеше евиденција на нашите воздишки...

Од Сенатот бил назначен за продолжителен конзул во 97 г. за време на царот Нерва — првиот во неговото семејство. Во ова време го достигнал својот врв како говорник со неговата беседа на погребот на славниот ветеран Луциј Вергиниј Руф.Плиниј, Писма 2.1 (English); Бенарио во неговиот предговор на Такитовата Германија, стр. 1–2.

Следната година ги напишал и објавил делата „Агриколоа“ и „Германија“, навестувајќи го своето книжевно творештво со кое се занимавал до крајот на животот.Во Агрикола (3) го најавува својот голем проект — Историите. Погл. Dudley, 1968, pg. 16

Потоа се повлекол од јавниот живот, но се вратил за време на Трајан (98–117). во 100 г. заедно со Плиниј повеле судска постапка против Мариј Приск (проконзул на Африка), под обвинение за корупција. Приск бил прогласен за виновен и испратен во прогонство; неколку дена подоцна Плиниј напишал дека Такит зборувал „со сето величество својствено на неговото вообичаено говорништво“.Pliny, Letters 2.11

По ова следел долг период на отсуство од правото и политиката додека ги пишувал делата „Истории“ и „Анали“. Од 112 до 113 г. бил на највисоката цивилно управничка функција — управник на Азија во западна Анадолија, запишан на натписот најден во Миласа. Според пасус на Аналите заклучуваме дека бил жив во 116 г., што значи дека може да починал во 125, па дури и 130 г. ИЗгледа ги надживеал и Плиниј (поч. г.) и Трајан (поч. 117 г.).

Не е познато дека Такит имал деца.

Дела мини|десно|Насловна страница на собраните дела на Такит. Издание на Јуст Липсиј, 1598 г.

Денес ни се познати пет (нецелосно сочувани) дела на такит, од кои најсодржајни се Аналите и Историите: „Агрикола“ (De vita Iulii Agricolae), 98 г. „Германија (De origine et situ Germanorum, Germania), 98 г. „Дијалог за говорниците“ (Dialogus de oratoribus), 102 г. „Истории“ (Historiae), 105 г. „Анали“ (Ab excessu divi Augusti), 117 г.

Историја на Римското Царство од смртта на Октавијан Август Аналите и Историите се објавени одделно, но биле предвидени како еден зборник од 30 книги.Јеронимовата егзегеза на библиската Книга на пророкот Захарија (14,1, 2; цитирано во Mendell, 1957, p. 228) вели дека историјата на Такит постоела во 30 томови (triginta voluminibus). Иако Такит ги напишал Историите пред Аналите, настаните во Аналите им претходат на оние во Историите; заедно образуваат непрекинат наратив од смртта на Октавијан Август (14) во смртта на Домицијан (96). Иако највеќето делови се изгубени, оние кои опстанале ни даваат непроценлива слика за периодот. Првата половина на Аналите опстанала во еден ракопис од кнежевската опатија „Корвеј“ во Германија, а втората во еден ракопис од Монтекасино, Италија. Фактот што тие опстанале е извонреден сам по себе.

Истории

Меѓу првите глави на Агрикола, Такит најавува дека сака да расправа за годините на Доминицијан, Нерва и Трајан. Во Историите делокругот е поинаков; Такит вели дека ќе се занимава со времето на Нерва и Трајан подоцна. Наместо тоа, ќе го опфати периодот од граѓанските војни во Годината на четирите цареви и крајот на деспотизмот на Флавиевците. Денес ги имаме само првите четири книги и 26 глави од петтата книга, што ја опфаќаат 69 и првиот дел од 70 г. Се смета дека делото продолжувало сè до смртта на Домицијан на 18 септември 96 г. Пред да ги раскаже постапките на Тит во задушувањето на Првата јудејско-римска војна, Такит дава краток етнографски преглед на древните Евреи, а со тоа и мошне вреден запис за римските ставови кон нив.

Анали

Аналите, последното Такитово дело, го опфаќа периодот по смртта на Октавијан Август во 14 г. Напишал барем 16 книги, но книгите 7–10 и делови од книгите 5, 6, 11 и 16 недостасуваат. Книгата 6 завршува со смртта на Тибериј, а книгите 7–12 веројатно ги опфаќале времињата на Калигула и Клавдиј. Останатите книги се занимаваат со времето на Нерон, веројатно сè до неговата смрт во јуни 68 г. или до крајот на таа година за да може да го поврзе со Историите. Втората половина на книга 16 недостасува, завршувајќи со настаните во 66 г. Не е познато дали Такит го завршил ова дело; починал пред да ги заврши планираните истории на Нерва и Трајан. Нема податоци во делото за Октавијан Август и почетокот Римското Царство, со кое тој планирал да го заврши трудот. Аналите е еден од првите световни историски записи во кои се спомнува Исус Христос, кој Такит го обработува заедно со Нероновото прогонување на христијаните. мини|Анали 15.44. Втор Медичиев ракопис.

Монографии Такит напишал три дела со поограничен делокруг: Агрикола (биографија на неговиот тест Гнеј Јулиј Агрикола), Германија (монографија за краиштата и племињата во Германија)и Дијалог (дијалог за реторичката вештина).

Германија