Џузепе Пјаци (; – ) — италијански свештеник, математичар и астроном. Ја основал опсерваторијата во Палермо. Најпознат е по откривањето на џуџестата планета Церера.
Живот Роден е во Понте ин Валтелина, Ломбардија. Познато е дека Пјаци учел во Торино, веројатно на предавањата на Џовани Батиста Бекарија. Од 1768 до 1770 г. живеел во Домот на Театинците при црквата „Св. Андреја дела Вале“ во Рим додека учел математика кај Франсоа Жакје.
Во јули 1770 г. станал професор по математика на Малтешкиот универзитет. Во декември 1773 г. се преселил во Равена како префект на студентите и предавач по филозофија и математика на Школата на благородниците, каде се задржал до почетокот на 1779 г. По краток период во Кремона и Рим, во март 1781 г. Пјаци се преселил во Палермо и работел како предавач по математика на тамошниот универзитет.
На тоа место се задржал до 19 јануари 1787 г. кога станал професор по астрономија. Во истиот период му било понудено да престојува во Париз и Лондон на практична обука по астрономија и да уреди изработка на инструменти за опсерваторијата во Палермо која се основала под негово раководство.
Од 13 март 1787 до крајот на 1789 г. Пјаци се зближил со најзначајните француски и англиски астрономи. За него била изработена висинско-азимутска кружница од Џеси Рамсден, еден од највештите изработувачи на научни инструменти на XVIII век. Кружницата била најважниот инструмент на опсерваторијата во Палермо која биле свечено отворена на 1 јули 1790 г.
Во 1817 г. кралот Фердинанд го задолжил да ја доврши опсерваторијата „Каподимонте“ во Неапол, назначувјќи го за генерален директор на Неаполската и Сицилиската опсерваторија.
Астрономска кариера
Каталогизација на ѕвезди
Пјаци бил задолжен да го надгледува составувањето на Палермскиот каталог на ѕвезди кој имал 7.646 ставки со досега невидена прецизност,DavidDarling.com: Piazzi, Giuseppe (1746–1826) вклучувајќи имиња на ѕвезди како „Гранатна Ѕвезда“ од Хершел, како и старооткриените ѕвезди Ротанев (β Делфин) и Суалокин (α Делфин). Работел на методично набљудување на небото. Првото издание на каталогот излегло во 1803 а второто во 1814 г.
Ободрен од успехот во откривањео на Церера и каталошката програма, Пјаци ги изучувал сопствените движења на ѕвездите за да најде соодветни кандидати за мерење на паралаксата. Како особено добра се покажала 61 Лебед, и нејзината паралакса подоцна е изменера од Фридрих Вилхелм Бесел.On the history of the Palermo Astronomical Observatory by Giorgia Foderà Serio Ѕвездениот систем 61 Лебед понекогаш ги носи имињата Пјациева Летечка Ѕвезда и Беселова Ѕвезда.
Церера мини|десно|250п|Наодите на Пјаци објавени во Monatliche Correspondenz, септември 1801 г.
Пјаци ја открил Церера на 1 јануари 1801 г. како „ѕвездено тело“ чие движење било сопоставено со заднинските ѕвезди. Најпрвин имслел дека ова е неподвижна ѕвезда, но штом забележал дека се движи се уверил дека станува збор за планета, или како што тој ја нарекол, „нова ѕвезда“. Не сакајќи да избрза пред научната јавност, Пјаци козервативно ја прогласил за комета.
Немал прилика да ја набљудува доволно долго таа бидејќи набргу се изгубила во сјајот на Сонцето. Не можејќи да ја пресмета орбитата на Церера со постоечките методи, математичарот Карл Фридрих Гаус разработил нов метод за пресметка на орбити, кој им овозможил на астрономите повторно да ја најдат. Откако била утврдена орбитата, станало јасно дека Пјаци добро претпоставил и дека телото не е комета, туку нешто послично на мала планета. Коинцитентно на тоа, точното место било предвиено од независно предложениот Тициус-Бодеов закон.
Пјаци го нарекол телото „Фердинандова Церера“ (Ceres Ferdinandea), по римската и сицилиска божицата на житото и Фердинанд IV, крал на Двете Сицилии (Неапол и Сицилија). Подоцна делот „Фердинандова“ бил изоставен од политички причини. Се испоставило дека Церера е првиот и најголем астероиди во астероидниот појас. Таа денес се смета за џуџеста планета.
Посмртни почести
Синот на британскиот офицер и астроном Вилијам Хенри Смит бил наречен Чарлс Пјаци Смит во чест на Џузепе Пјаци. Во 1871 г. Константино Корти изработил статуа на Пјаци и ја поставил на плоштадот во неговото родното место Понте. Во 1923 г. илјадитиот астероид по ред е наречен 1000 Пјација во негова чест. По него во 1935 г. е наречен месечевиот кратер Пјаци. Во поново време албедната образба (веројатно кратер) на Церера, снимена од вселенскиот телескоп „Хабл“, го носи неформалното име Пјаци.
Дела thumb|Discorso recitato nell'aprirsi la prima volta la Cattedra di astronomia nell'Accademia de' r. Studj di Palermo, 1790 г.
Наводи
Извори Clifford Cunningham, Brian Marsden, Wayne Orchiston. (2011) "Giuseppe Piazzi: the controversial discovery and loss of Ceres in 1801." Journal for the History of Astronomy, Volume 42.
Надворешни врски
Џузепе Пјаци и откривањето на Церера Џузепе Пјаци — Голема руска енциклопедија Џузепе Пјаци — Хрватската енциклопедија Џузепе Пјаци на Биографскиот речник на Италијанците
Категорија:Италијански астрономи Категорија:Римокатолички монаси Категорија:Италијански свештеници Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Церера Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Добитници на Лаландовата награда Категорија:Членови на Торинската академија на науките Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките