Белене () — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белене во Плевенската Област. Има население од околу 7.144 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Белене се наоѓа на 60 km во североисточен правец од регионалниот центар Плевен и во близина на градот Свиштов - 26 km. Другите блиски градови се Никопол - 37 км западно од Белене и Левски на југ - 46 км. Градот се наоѓа во северно-централниот дел на Дунавската Рамнина, на десниот брег на реката Дунав во плодната Свиштовско-Беленска Низина.

Историја Белене бил прогласен за град во 1964 година, кој се слави секоја година во првата недела од септември со пазар и културни настани.

Градот е познат и по концентрациониот логор Белене на комунистичкиот режим, кој се наоѓа на островот Белене.

Проектот за јадрена централа „Белене“ беше во изградба 25 години е напуштен и се се наоѓа на 7 километри источно од градот.

Жителите на градот се христијани главно од католичка вероисповед. Во Белене има две католички цркви (една изградена во 1860 година и една изградена во 1874 година) и една православна (изградена во 1893 година).

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Белене

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места на Дунав Категорија:Населени места во областа Плевен