Козлодуј () — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Козлодуј во Врачанската Област. Има население од околу 12.467 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Козлодуј се наоѓа во Дунавската Рамнина, на 7 километри од устието на реката Огоста во реката Дунав, во плодната житница на Бугарија, наречена „Златија“.
Историја Најраните официјални податоци покажуваат дека Козлодуј бил населен во 16 век. Во 18 век населбата била означена како Котозлук и Козлудере, а подоцна и Козлодуј.
На 17 мај 1876 година четата на бугарскиот револуционер Христо Ботев слезла од паробродот „Радецки“ на брегот во Козлодуј.
На 6 април 1970 година започнала изградбата на Првата атомската централа „Козлодуј“ која е главен работодавец во градот.
Јавни институции Паробродот музеј „Радецки“ Дом на енергетскиот работник Читалиште „Христо Ботев“
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Козлодуј
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места на Дунав Категорија:Населени места во областа Враца