Суворово () — град во северна Бугарија, административен центар на општината Суворово во Варненската Област. Има население од околу 5.049 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа на 34 километри северозападно од регионалниот центар Варна, на 56 километри југозападно од градот Добрич и на 59 километри источно од градот Шумен.

Историја При ослободувањето селото се викало Козлуџа. Во 1934 година населбата била преименувана во Новградец. Сегашното име Суворово датира од 1950 година и е во чест на рускиот генерал Александар Суворов (1748-1800) кој победил во Битката кај Козлуџа на 21 јуни 1774 година.

Од 7 септември 1984 година Суворово добило статус на град.Указ № 2907 от 5 септември 1984 г. Обн. ДВ. бр. 71 от 7 септември 1984 г.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на Општината Суворово

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Варна