Хајнрих (германски: Heinrich; 7 септември 1448, во Штутгарт – 15 април 1519, во Урах) — гроф на Виртемберг-Монбелијар од 1473 до 1482 година.
Урахскиот договор од 1473 година му ја доделил грофовијата Монбелијар и другите поседи на Виртемберг на левиот брег на Рајна на Хајнрих. Во текот на спорот помеѓу војводата Чарлс Храбриот од Бургундија и царот Фридрих III, Чарлс го зел Хајнрих заробеник во 1474 година. Заробеништвото траело до 1477 година, а Хајнрих бил третиран многу лошо, наводно вклучувајќи и лажна егзекуција. По смртта на неговиот татко во 1480 година, Хајнрих го побарал поседот Виртемберг-Штутгарт. Тој не успеал и во Договорот од Рајхенвајер од 1482 година, му ја дал грофовијата Монбелијар на својот брат, Еберхард II.
Категорија:Родени во 1448 година Категорија:Починати во 1519 година Категорија:Грофови на Виртемберг Категорија:Германци од 16 век