Чупрене () — село во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Чупрене во Видинската Област. Има население од околу 434 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија Селото се наоѓа на 20 километри од градот Белоградчик и на 70 километри од регионалниот центар Видин. Чупрене е опкружено на југ, запад и север со падините на Западна Стара Планина, а на исток е отворено за мало поле.
Историја Кога Бугарија била освоена од Турците, селото веќе постоело. Се споменува во регистарот на Видинскиот санџак од 1454-1455 година. Во турско време во селото се населиле саксонски рудари. Жителите на селото учествувале во Чипровското востание од 1688 година. Се споменува под името Чупрен во описот на Жером-Адолф Бланки за неговото патување од Белоградчик до Ниш во 1841 година.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Чупрене
Категорија:Села во Бугарија