ФК Копенхаген (), или едноставно ФКК — дански фудбалски клуб од главниот град на Данска, Копенхаген. Моментално се натпреварува во Суперлигата на Данска, првото ниво на данскиот фудбал.
Клубот е основан во 1992 година, како надградба на КБ и Б 1903. ФК Копенхаген е еден од најуспешните клубови во Данска: моментално има освоено 15 титули во данското првенство, рекорд кој го делат со екипата на КБ, како и 9 освоени Купови на Данска. Во европскиот фудбал, ФКК стигнал до групната фаза на Лигата на шампионите и групната фаза на Лигата на Европа повеќе пати од кој било друг дански клуб, и е единствениот дански клуб кој стигнал до нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Копенхаген ги игра своите домашни натпревари на стадионот Паркен. Најголем ривал на ФКК им е Брондби, со кои развиле жестоко ривалство уште од самото основање на клубот. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Дерби на Копенхаген и имаат најголема посетеност во историјата на данскиот фудбал.Attendance season records at NetSuperligaen.dk, which dates back to the Danish Superliga 1998-99, shows that the biggest crowd each year has been a derby between F.C. København and Brøndby.
Стадион
Од своето основање, клубот ги игра своите домашни натпревари на стадионот Паркен, познат и како Телија Паркен, кој се наоѓа во Копенхаген и може да собере 38.065 гледачи.
Изграден на локацијата на Идретспаркен, кој го користел КБ, Паркен бил домаќин на финалето на Купот на победниците на куповите 1993-1994, во кое ја победил со 1-0 и финалето на Купот на УЕФА 1999-2000, во кое ги победиле токму „топџиите“ по изведување пенали.
Играчи Моментален состав
Тренери
Титули Домашни Данско првенство : 15 (рекорд) 1992-1993, 2000-2001, 2002-2003, 2003-2004, 2005-2006, 2006-2007, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2012-2013, 2015-2016, 2016-2017, 2018-2019, 2021-2022, 2022-2023
Куп на Данска : 9 (рекорд) 1994-1995, 1996-1997, 2003-2004, 2008-2009, 2011-2012, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2022-2023
Суперкуп на Данска : 3 1995, 2001, 2004
Лига куп на Данска : 1 1996
Меѓународни Кралска лига : 2 2004-2005, 2005-2006
Наводи
Надворешни врски
Матична страна на клубот
Копенхаген Категорија:Копенхаген