десно|мини|225x225пкс| Фреска на српскиот крал Стефан Дечански во манастирот Високи Дечани со мал манастир во рацете; тоа означува дека тој е ктитор на манастирот. Ктитор (; грузиски: ქტიტორი, ктитори; романски: ctitor) ― збор што значи „основач“ односно титула давана во средниот век на давателот на средства за изградба или преизграба на православна црква или манастир, за дарување икони, фрески и други уметнички дела. Бил користен во средновековната римска сфера. Латински односно католички еквивалент на поимот е донатор. Во времето на основањето, ктиторот често издавал типик и бил илустриран на фрески („ктиторски портрет“). Женскиот облик е ктиторица (грчки: κτητόρισσα, ктиториса).

Наводи

Извори

Категорија:Византиска култура Категорија:Филантропија Категорија:Историја на православието Категорија:Грцизми Категорија:Ктитори