Европа (, ) — низок тропски атол во Мозамбичкиот Проток помеѓу јужен Мадагаскар до јужен Мозамбик. Зафаќа површина од и никогаш не бил населен сè до доселувањето на француското семејство Розје во 1820 г. Островот официјално станал владение на Франција во 1897 г.
На островот е сместен воен одред од Реинион, има метеоролошка станица и го посетуваат научници. Дел е од Расеаните Острови на регионот Француски Јужни и Антарктички Земји.
На островот е снимана епизодата „Потрага во длабочините“ (1968) од серијата „Подводниот свет на Жак Кусто“, во која се претставени зелените морски желки.
Опис Европа има пречник од 6 км и најголема висина од 6 м. Бреговата линија е долга 22,2 км. Опкружена е со корални плажи и ободен гребен кој ја обиколува мангровска лагуна од и е отворен кон морето на една страна.
Атолот нема пристани, но котвењето е можно во блиските води. Исклучивиот стопански појас е соседен на оној на Басас да Индија, и зафаќа површина од . Слетувалиштето е долго 1.500 метри.
Екологија
Островот е природен резерват. Растителната се состои од сува шума, шикара, млечки (Euphorbia), мангровско мочуриште и остатоци од плантажа на сисал. Ова е едно од најголемите мрестилишта на зелени морски желки на светот. Живеат и кози внесени од доселеници на крајот од XVIII век.
Европа е прогласена за место од орнитолошка важност од BirdLife International поради многубројните и разновидни морски и други водни птици кои овде се размножуваат. Тука е најголемата колонија на мадагаскарската жолта чапја по Алдабра и Мадагаскар. Има многу големи колонии на големи фрегати (до 1100 парови), тропски бурници (до 100 парови), мадагаскарски крајбрежни чапји и касписки рибарки.
На Европа живее белоопашестиот фетон (Phaethon lepturus europae), три видови копнени птици (including an endemic subspecies of ендемски подвид на мадагаскарската белоочка)BirdLife International. (2012). Important Bird Areas factsheet: Europa. Downloaded from на 7 јануари 2012 г. и ендемски вид шиштава лебарка.C. van Herrewege. 1973. Contribution à l'étude des Blattaria de la faune Malgache. II. Description de huit espèces nouvelles appartenant aux genres Gromphadorhina Brunner v.W. et Elliptorhina gen. nov. Bulletin de la Société Linnéenne de Lyon, 42nd année, Numéro spécial du 150th anniversaire, décembre 1973. 75-103
Клима Климата е засегната од Игленортската струја и водата обично надминува . Југоисточните пасати зиме и повремени циклони. Може да се опише како степска или тропска, со влажни лета и суви зими.
Историја Иако островот веројатно бил забележан од морепловците уште во XVI век, тој е наречен по британскиот брод „Европа“, кој го посетил во декември 1774 г. Урнатините и гробовите сведочат за неколкуте обиди за негово населување од 1860-тите до 1920-тите. На пример, во 1860 г. тука се доселило француското семејство РОзје, но потоа напуштило.
Наводи
Надворешни врски
Остров Европа на Википатување Остров Европа — ФЈАЗ
Категорија:Атоли во Индискиот Океан Категорија:Острови на Мадагаскар Категорија:Ненаселени острови Категорија:Спорни острови Категорија:Мозамбички Проток Категорија:Француски Јужни и Антарктички Земји