мини|200п|десно

Огастес Де Морган (англиски: Augustus De Morgan) (27 јуни 1806 – 18 март 1871) бил британски математичар и логичар со потекло од Индија. Ги формулирал Деморгановите закони и бил првиот што го изнел стручниот израз и ја направил ригорозната идеја за математичката индукција. Де Моргановиот кратер на месечината е наречен според него.

Животопис

Детство

Огастес Де Морган е роден на 27 јуни 1806 во Мадура, Претседателството Мадрас, Индија (сегашен Мадураи, Тамил Наду, Индија); Неговиот татко бил Кол Де Морган, кој одржувал разни состаноци за Источноиндиската компанија. Неговата мајка потомок од Џејмс Додсон, кој ја пресметал табелата за антилогаритми, со други зборови, броевите кој ги претставуваат точните логаритми. Кол Де Морган се преселил со фамилијата во Англија кога Огастес имал само седум месеци. Татко му и дедо му биле родени во Индија така што Де Морган велел дека не е ниту Англичанец, ниту Шкотланѓанец, ниту пак Ирец, туку „слободен“ Бритонец, користејки го техничкиот термин за студент на Оксфорд или Кембриџ кој не е член на ниту еден од тие колеџи. Кога Де Морган бил десет години неговиот татко починал. Госпоѓата Де Морган живеела на разни места во југозападна Англија и нејзиниот син го стекнал своето основно образование во разни училишта без поголем придонес. Неговите математички способности останале незабележани сè до неговата четиринаесетта година. Пријател на фамилијата ненадејно го затекнал како разработува цртеж на фигура во Евклид со линијар и шестари и му ја објаснил целта од Евклид и му дал вовед во доказите. Го стекнал средното образование од господинот Парсонс, пријател од Ориел колеџот, Оксфорд кој ја ценел класиката многу повеќе од математиката. Неговата мајка била активен и загреан член на Англиската Црква и сакала нејзиниот син да стане свештеник; но во меѓувреме Де Морган започнал да покажува дека не може да се прилагоди на распоредот. Универзитетско образование Во 1823 на шеснаесет години се запишал на колеџот Тринити во Кембриџ, каде што веднаш бил ставен под туторство на Џорџ Пикок и Вилијам Вивел.Тие останале пријатели до крајот на животот. Од почетокот покажал интерес за обнова на алгебрата, а подоцна покажал интерес за обнова на логиката-двата предмети во неговиот иден живот. На колеџот флејтата на која што свирел одлично му служела за рекреација. Не зел учество во атлетиката, но затоа бил истакнат во музичките клубови. Неговата љубов кон знаењето за негова сметка му пречела со тренингот за големата математичка трка; како последица на тоа настанал четвртиот кавгаџија. Ова му ја дава оценката дипломиран студент за уметности; но за да зеде поголема оценка за квалификуван учител за уметности и со тоа да стане квалификуван во заедницата било потребно да го помине тестот за теологија. За потпишувањето на каков било документ Де Морган силно се спротивставувал иако бил однесен во Англиската Црква. Околу 1875 теологичкиот тест за академски оценки биле укинувани во универзитетите во Оксфорд и Кембриџ. Лондонскиот универзитет Бидејќи не му била понудена работа на неговиот универзитет одлучил да оди во Бар и зел стан во Лондон; но повеќе сакал да учи математика отколку да чита право. Во ова време движењето за создавање на Лондонскиот Универзитет зело форма. Двата стари универзитета Оксфорд и Кембриџ биле добро заштитени со теолошки тестови така што ниту еден кој не евреин или дисидент надвор од Англиската Црква не може да влезе како студент. Сепак некои биле назначувани во некои канцеларии. Група на скободоумни луѓе донеле заклучок да ги решат тешкотиите со тоа што во Лондон би основале универзитет во принцип за луѓе со верска неутралност. Де Морган, тогаш 22 години бил назначен за професор по математика. Неговото дело „Студиите за математика“ е говор за интелектуално образование со бесценета вредност кој била и прекопирана во Обединетите Нации. Лондонскиот Универзитет била нова институција и поврзаноста со советот за раководење, сенатот од професори и студентите не биле добро организирани. Загреаното оспорување помеѓу професорите за анатомија и нивните студенти довело до разрешување на некои професори предводени од Де Морган. Бил назначен друг професор по математика кој се удавил неколку години подоцна. Де Морган се изложил себеси како принц на професорите, бил поканет да се врати назад каде што подоцна тоа станало неговиот центар каде што работел во наредните триесет години. Истата група реформатори, предводени од Лорд Брогам, Шкотланѓанец кој бил на високи позиции во науката и во политиката и предавал на Лондонскиот Универзитет основан во исто време како и Друштвото за ирење на употребливото знаење. Неговата намера била да се рашири научното и другите учења со помош на читко напишани расправи од најдобрите писатели во тоа време. Еден од најголемите и најефективните писатели бил Де Морган. Напишал одлично дело за Диференцијалниот и Интегралниот Калкулус кој бил објавен од Општеството. Напишал и една-шестина од статиите во Пени Циклопедијата објавена од Општеството. Кога Де Морган се вратил да живее во Лондон го запознал Вилијам Френд и не му се спротивставувал на неговите математички ереси за негативните количини. Двајцата биле математичари и статистичари и нивните религиски гледање биле слични. Френд живеел во предградието на Лондон во куќа во која живееле Даниел Дефо и Исак Ват. Де Морган со неговата флејта бил добредојден. Во 1873 Де Морган се оженил со Софиа Елизабет една од ќерките на Френд. Лондонскиот Универзитет каде што Де Морган бил професор, била поинаква институција од Универзитетот на Лондон. Универзитетот на Лондон бил основан околу десетина години подоцна од владата со цел да се даваат дипломи после извесни испитувања без никакви квалификации. Лондонскиот Универзитет бил здружен со Универзитетот на Лондон како колеџ за учење и името било сменето во Универзитетски Колеџ. Универзитетот на Лондон не бил успешен како испитувачко тело, било потребно Универзитет за поучување. Де Морган бил многу успешен професор за математика. Неговиот план бил да се држат предавања по еден час и на крајот на секоја лекција да се зададат проблеми и примери во врска со тоа што го учеле, неговите студенти биле задолжени да ги решат проблемите и да му ги предадат, а откако тој ќе ги прегледал му ги враќал пред пред следната лекција. Според мислењето на Де Морган потполно разбирање и умствена споредба за големите начела далеку натежнати за важноста на аналитичката снаодливост во апликацијата за полуразбраното начело за одредени случаи. Де Морган имал три сина и четири ќерки. Неговиот најстар син бил грнчарот Вилијам Де Морган. Неговиот втор син Џорџ се здобил со големо знаење за математика на Универзитетскиот Колеџ и на Универзитетот на Лондон. Тој и уште еден апсолвент се здобиле со идејата за основање на Математичко Друштво во Лондон, каде што математичките документи нема да бидат само добивани, туку читани и за нив да се дискутира. Првиот состанок бил одржан во Универзитетскиот Колеџ. Де Морган бил првиот претседател, неговиот син првиот секретар. Тоа бил почетокот на Лондонското Матемаичко Друштво. Пензионирање и смрт Во 1866 година катедрата за умствена филозофија на Универзитетскиот колеџ била слободна. Д-р Мартино, свештеник и професор за умствена филозофија бил препорачан од Сенатот на Советот, но во советот имало некој кој се спротивставувал на таа одлука. Лаикот на училиштето Беин и Спенсер бил назначен. Де Морган сметал дека неговиот стар стандард за религиска неутралност бил повлечен надолу и без двоумење се откажал. На 60 години неговите ученици му осигурале пензија од 500 долари но го следела лоша среќа. Две години подоцна неговиот син Џорџ – помладиот Бернули како што сакал да го викаат, во алузија за двајцата еминенти матаматичари со тоа име, поврзани како татко и син—починал. По ова следела смртта на ќерката. Пет години од оставката од Универзитетскиот колеџ Де Морган умрел од нервозна потиштеност на 18 март 1871, на неговиот 65-ти роденден. Математичка Работа

Де Морган беше брилијантен и досетлив писател, дали како полемичар или како дописник. Во неговото време постоеја два Сер Вилијам Хамилтон кои често се смешувани. Едниот беше Сер Вилијам Хамилтон, 9-ти Барон (т.е. неговата титула била наследена), Шкот, професор по логика и метафизика на универзитетот во Единбург; а другиот беше витез (т.е. ја добил титулата), Ирец, професор по астрономија на универзитетот во Даблин. Баронот продонесе кон логиката, особено кон квантификација на тврдењата.; а витезот, чие цело име беше Вилијам Рован Хамилтон, придонесе кон математиката, особено геометриска алгебра, и прв даде опис на кватернионите. Де морган беше заинтересиран во работата на двајцата, но соработката со со Штотланѓанецот заврши контроверзно, додека онаа со Ирецот беше обележана со пријателство и се прекина со смртта. Во едно од писмата кон Рован, Де Морган вели: „знај дека отлжкрив дека ти и другиот Сер В.Х. сте поларно стротивни точки со почитта спрема мене( интелектуално и морално, каде Штотланѓанецот е поларна мечка, а вие поларен џентлмен). Кога направив едно истражување во Единбург, тој В.Х. реже дека сум го зел од него. Кога ти праќам тебе едно, ти го земаш, го генерализираш, и така генерализирано го презентираш на општеството, и ме правиш втор откривач на позната теорема“

Соработката на Де Морган со Хамилто математичарот траеше 24 години; и содржи не само математички теми туку и теми од општ интерес. Се одликува со генијалноста на Хамилтон и досетливоста на Де Морган. Хамилтон напиша „мојата копија на Беркелеевата работа не е моја; како и Беркелеј, знаеш и јас сум Ирец“. Де Морган возврати: „ Твојата фраза „Мојата копија не е моја“ не е бесмислено, туку е совршено англиски да употребиш еден збор со две различни значења во една реченица, особено кога имаш од тоа корист. Нескладноста во јазикот не е абсурд, бидејќи додава значење. Но нескладноста во идеи, тоа е апсурд.

Де Морган е полн со лични занимливости. На пригодата на поставување на неговиот пријател како ректор на Универзитетот во Единбург, сенатот му ја понудил титулата почесен доктор на науки; а тој ја одбил понудата како погрешно именувана. Тој еднаш си го напиша името: Огастес Де Морган, H - O - M - O - P - A - U - C - A - R - U - M - L - I - T - E - R - A - R - U - M.

Тој не ја сакаше руралната средина, и додека неговото семејство уживаше на морскиот брег, и додека членовите на научните клубови се забавуваа на научни собири во природа, тој остануваше во прашливите библиотеки во метрополата. Тој велеше дека се чувствувал како Сократ, кој велел дека колку е подалеку од Атина, толку е подалеку од неговата среќа. Тој никогаш не сакаше да стане член на Благородничкото Здружение , и никогаш не присуствуваше на нивните собири; тој рече дека немал ништо заедничко со физичките филозофи. Овој став се должеше на неговото кревко здравје, поради кое не можеше да биде ни надгледувач, ни како Експериментатор. Никогаш не гласал на избори, ниту ги посетил значајните британски знаменитости. Доколку пишувањата на Де Морган биле објавени во форма на собрани дела, тие би направиле мала библиотека. За нас значајни се неговите трудови кон Филозофското општество на Кембриџ, создадено со напорите на Пикок и Вивел, кон кое тој придонел со четири мемоари за основите на алгебрата, и исто толкав број за формалната логика. Неговата најдобра презентација на алгебрата се наоѓа во Тригонометрија и двојна алгебра, објавено во 1849; и неговите рани видувања на формалната логика кои ги има во дело објавено во 1847. Неговата најзначајна работа е насловена како Буџет на Парадокси; првпат се појави како писма во колумната на Athenæum journal; потоа беше ревидирана и довршена од Де Морган во последните години од неговиот живот, а беше посмртно објавена од неговата вдовица. За овие работи ќе дискутираме подетално во наредниот дел.