Баница — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало околу 3 км јужно од селото Д’мбени.
Историја Баница било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители се преселиле во Д’мбени.
Наводи
Категорија:Историски села во Костур Категорија:Д’мбени