Ноа Аринзечукву Окафор (роден на година) — швајцарски фудбалер, напаѓач на Наполи, на заем од Милан, и на швајцарската репрезентација.

Биографија Роден во Бининген, Швајцарија, Окафор има Игбо потекло. Неговиот татко е од Нигерија, а неговата мајка е швајцарка.

Има двајца браќа Елајџа и Ајзеа, кои исто така, се фудбалери.

Клупска кариера Базел Окафор го одиграл својот прв младински фудбалски натпревар со локалниот тим ФК Арисдорф. Во 2009 година се преселил во младите на ФК Базел и продолжил низ сите фази на нивната младинска академија. Тој напредувал во нивниот прв тим за време на нивната сезона 2018-19 и на 31 јануари 2018 година, Окафор го потпишал својот прв професионален договор со својот клуб под тренерот Рафаел Вики. Тој го одиграл своето деби за нивниот прв тим на 19 мај 2018 година на домашен натпревар против ФК Луцерн. Тренерот го заменил со повредениот Мохамед Ељунуси во 34. минута и натпреварот завршил нерешено 2–2. Тој го постигнал својот прв гол за својот клуб во второто коло од сезоната 2018-19 на 28 јули 2018 година во ремито 1-1 на гости против Ксамакс.

Под водство на тренерот Марсел Колер Базел го освоил Купот на Швајцарија во сезоната 2018-19 . Во првото коло Базел го победил ФК Монлинген со 3–0, во второто коло Ешален Регион со 7–2 и во осминафиналето Винтертур со 1–0. Во четврт-финалето Сион бил поразен со 4-2 по продолженијата, а во полуфиналето Цирих бил поразен со 3-1. Сите овие натпревари се одиграле на гостински терен. Финалето се одржало на 19 мај 2019 година во Стад де Свис Ванкдорф Берн против Тун. Напаѓачот Албиан Ајети го постигнал првиот гол, Фабијан Фреј вториот за Базел, потоа Дејан Соргиќ постигнал гол за Тун, но крајниот резултат гласеше 2-1 за Базел. Окафор одиграл четири куп натпревари и постигнал гол во полуфиналето против Цирих.

Помеѓу 2017 и 2020 година Окафор одиграл вкупно 72 натпревари за Базел постигнувајќи вкупно девет гола. 39 од овие натпревари биле во швајцарската Супер лига, седум во Купот на Швајцарија, осум во натпреварувањата на УЕФА (Лига на шампиони и Лига Европа) и 18 биле пријателски натпревари. Тој постигнал три гола во домашната лига, два во купот, два во европските натпреварувања и другите два ги постигна на тест игрите.

Ред Бул Салцбург На 31 јануари 2020 година, Окафор потпишал за Ред Бул Салцбург.

На 8 декември 2021 година, Окафор го постигнал единствениот гол на натпреварот кога Салцбург ја совладал Севиља во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите. Победата значело дека Салцбург обезбедил прогрес во осминафиналето и станал првиот австриски клуб кој се квалификувал во нокаут-фазата на Лигата на шампионите.

На 7 септември 2022 година, за време на натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Милан, Окафор постигнал извонреден гол, водејќи го натпреварот до реми 1-1. Откако ги надмудрил дефанзивецот на Милан, Пјер Калулу и голманот Мајк Мењан со „гуркерл“ шут, неговиот шут паднал во долниот десен агол од мрежата, предизвикувајќи широки прослави на стадионот.

Милан На 22 јули 2023 година, Окафор потпишал за Милан од италијанската Серија А до 30 јуни 2028 година.

Наполи На 3 февруари 2025 година, Окафор му се приклучил на на позајмица вредна 1,5 милиони евра, со право на откуп поставено на 23,5 милиони евра. Дебитирал на 9-ти истиот месец, влегувајќи како замена за Давид Нерес во завршницата од натпреварот на домашен терен против , во рамките на 24-тото коло од Серија А кој завршил со резултат 1-1.

Меѓународна кариера Окафор одиграл различни меѓународни натпревари за швајцарските тимови У-15 и У-17. Тој го одиграл својот прв натпревар за тимот до 18 години на 9 мај 2018 година во ремито 1–1 против италијанскиот тим до 18 години.

Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 9 јуни 2019 година во натпреварот за третото место во Лигата на нации на УЕФА 2019 против Англија, како замена во 113-та минута за Харис Сеферовиќ. Окафор го постигнал својот прв репрезентативен гол за Швајцарија на 15 ноември 2021 година, во нивниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Бугарија, победа која обезбедила автоматска квалификација за Швајцарија на Светското првенство 2022 година.

Статистика

Клупска

+Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварувањеКлубСезонаЛигаНационален купОстанатоВкупноЛигаНат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.БазелU212017–2018Swiss Promotion League131——1312018–201921——21Вкупно152——152Базел до 21г.2017–2018Суперлига10——102018–201924331102842019–20201402172233Вкупно3935282527Ред Бул Салцбург2019–2020Бундеслига11331101542020–202118640702962021–2022219528334142022–202321730833210Вкупно712515324611034Милан2023–2024Серија А10000010Вкупно1263020532817843

Меѓународна

+Настапи и голови по репрезентација и годинаНационален тимГодинаНатпревариГоловиSwitzerland201910202121202291202320Total142

Титули Наполи Серија А : 1 2024-2025

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Базел Категорија:Фудбалери на ФК Салцбург Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026