Кебнекајсе (, од лапонски или , „Котлов Гребен“) — највисоката планина во Шведска. Масивот е дел од Скандинавските Планини и има два врва. Заледениот јужен врв бил највисок со надморска височина од 2.120 м, но во изминатите 50 години се има снижено за 24 метри, поради што северниот безледен врв со 2.096,8 м денес е највисок. Кебнекајсе се наоѓа во областа Шведска Лапонија, на 150 км северно од Северниот Поларник и западно од градот Кируна кај планинарската патека Кунгследен помеѓу Абиску и Хемаван.
Географија Масивот се наоѓа во состав на венецот Скандинавски Планини, ограничен од валовите Ладшоваге (лапонски Лаѓуваги), Шекшаваге (Чеакчаваги) и Виставаге (Виставаги). Највисоките точки се долж сртот Вагририген кој се протега од јужните и северните врвови до врвот Кебнепакте (Гиебмебакти) на висина од 1.990 м. Други пониски врвови се Кебнешока (Гиебмечохка), Виеранвари, Толпагорни (1.662 м), Гуобирцохка (1.506 м) и Сингибакти (1.614 м).
Од двете највисоки точки, јужниот врв се наоѓа на ледник врз каменлива висорамнина. Во последно време ледникот е смален, а со тоа и врвот. Порано бил висок 2.111 м, а пред тоа и 2.117 м. Денес северниот врв е повисок, и тој нема мраз, поради што е највисоката непроменлива точка во Шведска.Malin Olofsson, "Toppskifte på Kebnekaise" , Sveriges Radio, 15 јуни 2007, Kebnekaises sydtopp – högst i Sverige? , fjallklubben.org Меѓутоа, во јули 2015 г. истражувачката станица „Тарфала“ утврдила дека ледникот нараснал за 4,5 м (до висина од 2.102 м) во однос на најниско измерените 2.097,5 м претходната година.Emil Östlund, "Sydtoppen växer på Kebnekaise", Sveriges Radio, 23 јули 2015,
Масивот има разни големи ледници. Најзначајни се Кебнепактскиот, Исфалскиот и Големиот Ледник кон долината Тарфала на исток, Бјерлиншкиот Ледник на југоисток и Работскиот на запад, како и неколку помали раштркани наоколу.
Низ целиот масив е присутен вечен мраз. Матичната карпа е издупчена 100 м во долината Тарфала на подножјето на Кебнекајсе. Дупнатината над истражувачката станица „Тарфала“ на 1.540 м.н.в. покажува целогодишна стабилна температура од −2,75 °C на длабочина од 100 м, што, според геотермалниот градиент, покажува дека мразот е дебел 330 метри. Затоа може да се заклучи дека самата планина мора да има вечен мраз дебел неколку стотици метри.
Во Европа не постојат повисоки планини посеверно од Кебнекајсе. Кога времето е ведро зиме, од врвот се гледаат огромни пространства — според некои извори дури 9 % од територијата на Шведска.
Поврзано Голем Ледник Скандинавски Планини
Панорама
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Портал за искачување на Кебнекајсе Кебнекајсе и Никалуокта — Википатување Кебнекајсе на SummitPost Фотогалерија на Марк Клибер
Категорија:Планини во Шведска Категорија:Скандинавски Планини Категорија:Норботен Категорија:Највисоки точки на земјите