мини|Северна Тракија (сино) и остатокот од Тракија (жолто). Северна Тракија () или Бугарска Тракија () — северниот и најголем дел на историската област Тракија. Се наоѓа во јужна Бугарија и ја опфаќа територијата јужно од Стара Планина и источно од реката Места. Се граничи со Западна Тракија и Источна Тракија на југ, Црното Море на исток и Пиринска Македонија на југозапад. Во неа се сместени Средна Гора, Горнотракиската Низина и 90 % од Родопите. Северна Тракија зафаќа површина од 42.073 км2

Во областа се застапени континенталната, умереноконтинентална и планинската клима. Тука е забележана највисоката температура во Бугарија: во Садово, измерена во 1916 г. Најважни реки се Марица и нејзините притоки. Позначајни градови во Северна Тракија се Пловдив, Бургас, Стара Загора, Сливен, Хасково, Јамбол, Пазарџик, Асеновград, Крџали, Димитровград, Казанлак и Смољан.

Историја Во 1878 г. Отоманското Царство ја создало автономната покраина Источна Румелија во Северна Тракија. Во 1885 г. областа била припоена кон Кнежевството БугаријаEncyclopedia of the Stateless Nations: L-R, James Minahan, Greenwood Publishing Group, 2002, , стр. 1518.

Демографија Ова е етничкиот состав на Источна Румелија во отоманско време. +Народ18801884Жители%Жители%Бугари573.56070,3681.73470,0Турци174.70021,4200.48920,6Грци42.4565,253.0285,4Роми19.1492,327.1902,8Евреи4.1770,56.9820,7Ерменци1.3060,11.8650,2Вкупно815,951975,030 Следува етничкиот состав на областите Бургас, Хасково, Крџали, Пазарџик, Пловдив, Сливен, Смољан, Стара Загора и Јамбол. +Народ20012011Жители%Жители%Бугари2.247.53280,941.856.64772,91Турци315.85811,37258.75710,16Роми155.9545,62141.5385,56Руси5.1850,1916.5380,65Ерменци5.1630,19Грци1.4320,05Евреи2530,01останати8.4730,31неизјаснети36.9581,33273,15110,73Вкупно2.776.8082.546.631

Поврзано Источна Тракија Западна Тракија

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Бугарија