Брњичка култура ― археолошка култура во денешно Косово и Србија која датира од 1400 година п.н.е.
Опис мини|250x250пкс| Реконструкција на куќа од бронзено време од наоѓалиштето Хисар. Културната група создадена од оваа култура е тракиското племе Мизи. Тоа е и неилирската компонента во дарданската етногенеза.
Културата се одликува со неколку групи:
Косово со Раска и Пестер Сливна зона на Јужна и Западна Морава Лесковац-Ниш Јужна Морава-Пчиња-Горен Вардар
Керамика од брњичкиот вид е пронајдена во Горна Џумаја, Пловдив и повеќе наоѓалишта во Пелагонија, долен Вардар, островот Тасос и Тесалија кои датираат од 13 и 12 век п.н.е.
Наоѓалишта
Долна Брњица Главното место на културата е некрополата во Долна Брњица (српски: Доња Брњица; албански: Bërnica e Poshtme) во близина на Приштина.
Хисар Хисар е повеќевременска населба на рид кај Лесковац.
Траги од животот на брњичката култура (8 век п.н.е.) се гледаат на платото кое било заштитено со длабок ров со палисада на неговата внатрешна страна, утврдување слично на она на друго утврдување на наоѓалиштето Градац во Ланиште во сливот на Голема Морава.Milorad Stojic: Ferrous metallurgy center of the Brnjica cultural group (14th–13th centuries BC) at the Hisar site in Leskovac. MJoM Metalurgija - Journal of Metallurgy, UDC:669.1
Подоцна населба од железното време постоела во Хисар која датира од 6 век п.н.е. до 4 век п.н.е. Покрај грчките фибули и керамика, во 2005 година се откопани и трибалски (тракиски) гробници.Praistorijska kopča. B92.net – info (на српски)
Наводи
Поврзано
Музеј на Косово Кралство Дарданија Археологија на Косово Неолитски наоѓалишта во Косово Римско наследство во Косово Наоѓалишта од бакарното, бронзеното и железното време во Косово
Категорија:Мизија Категорија:Археолошки култури во Србија Категорија:Археолошки култури во Македонија Категорија:Археолошки култури во Грција Категорија:Дакиска археологија Категорија:Србија во бронзеното време Категорија:Антички племиња во Србија Категорија:Тракиски археолошки култури Категорија:Археолошки култури во Косово Категорија:Бронзеновремени култури во Европа