Димо Димов Дулот (р. во , Кавадарци) — македонски музичар, виолинист и пејач.
Животопис Дулот уште од најрана возраст се занимава со музика, од својата 10 годишна возраст, почнува да свири на виолина, свирејќи со неговиот татко "Мило Димов Дулот" на свадби со „Ваташка Чалгија“.
Во неговата музичка кариера има снимено многу песни како виолинист и пејач. Бил член на неколку групи, и тоа во:
Ваташка Чалгија Група Кавадарка Група Македонија, и Тајфата на Димо Дулот
Во 90-десеттите години ја оформува „Група Македонија“ каде бил виолинист и пејач. Во 2000-тите ја формира „Тајфата на Димо Дулот“ која беше под негово раководство во долги години, кај која членови беа:
Ангел Стојанов-Џамбаз (вокал) Фазли Сејфулов (кларинет) Ранко Ѓорѓевиќ (гитара) Димо Ча (тапани), и Александар Ѓорѓевиќ (хармоника)
Негови познати песни како пејач се: Во ноќта тивка, Герданот ми тропна, Бог да бие Русе, Три години станаа, Нешо пиле, Ајде, ајде Фато, Тиквеш Тиквеш, Антице мори Душице, Туберколузно девојче и Ајде мили сине.
Има снимено и три касети со Ваташка Чалгија, за потребите на Радио Кавадарци, една касета со Група Македонија и Тајфата на Димо Дулот. Тој има снимено и ЦД со народни ора и песни со Стефче Стојковски во 2010 година.
Од 2023 година, е еден од организаторите на фестивалот за „Чалгиска музика“ во Моклиште, Ваташа, каде настапуваат чалгии и пејачи од цела Македонија, каде тој настапува со Ваташка Чалгија.
Награди
Награда за животно дело "7 септември" на град Кавадарци (2023) Благодарница од унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци (2023) Награда за животно дело на фестивалот за „Чалгиска музика“ во Ваташа (2025)
Наводи
Надворешни врски Димо Дулот на YouTube
Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Македонски чалгаџии